Низ фотки: Како изгледаше секојдневието во Авганистан, пред да го освојат Талибанците?
- Детали
- сабота, 21 август 2021
Уништени соништа, страв за животот и иднината, неспокој ги мачат Авганистанците периодов... Тие само сонуваат за слобода и мир. Како изгледаше животот во оваа земја пред немилите настани, низ фотографии?
Авганистан е земја во која постојано има немири, тензии, војни. Се смета дека дури 80% од популацијата во оваа држава е родена и живее во воено време.
Тензијата со Талибанците таму повторно ескалираше откако ја освоија власта, а Авганистанците само сонуваат за слобода и мирен живот.
На Инстаграм профилот Everyday Afghanistan фотографи пренесуваат мигови од секојдневието на Авганистанците. Се разбира, фотографиите се постари и во моментов ситуацијата за жал таму е сосема поинаква.