Гробишта, ковчег: Бизарна „вампирска“ куќа од САД е хит на социјалните мрежи
- Детали
- петок, 02 април 2021
Понекогаш човечката опсесија со одредени работи ги надминува сите граници. Таков е примерот и со оваа куќа, што оддалеку изгледа сосема обично, а поради натписот однадвор, дворот и ентериерот предизвика низа реакции на социјалните мрежи.
Имено, куќата која се наоѓа во Балтимор, САД е ставена на продажба за околу 190.000 евра, а за таа цена идниот сопственик ќе може да добие содржини инспирирани од вампири и тематски бар во градината.
Куќата која има една спална соба и една бања, дури има и ковчег од 1972 година. Можете само да замислите колку непријатно биле изненадени потенцијалните купувачи кога дошле да ја разгледаат куќата.
Хорор-куќата е дизајнирана од страна на сопственикот Били Николсон, кој за локалните медиуми изјавил дека преку ова ја изразува својата извртена имагинација.
На социјалните мрежи луѓето пишуваат дека имаат премногу прашања, не им се верува што гледаат и откриваат дека ова им е најголемата ноќна мора.
Црно-бел ентериер, црни крстови, натпис „гробишта“ на надворешниот дел од куќата и двор кој личи на гробишта – бизарно, зарем не?
Или пак, можеби постои некој во светот на кого не би му пречело да престојува тука... Што мислите вие?
Б. С. Б. | Црнобело