Ќе ви звучи иронично, но: Шведска увезува ѓубре затоа што им снемува
- Детали
- четврток, 11 март 2021
На нас, со сигурност ни звучи иронично. Но, во последниве години, Шведска се соочува со проблем кој реално го нема ниту една друга држава. Им снемува ѓубре!
фото: pexels.com
Звучи бизарно, но кога го преработувате ѓубрето и рециклирате постојано, останувате без материјал – односно, почнувате да увезувате ѓубре.
Каде оди шведското ѓубре? На пример, се преработува и претвора во енергија, а Швеѓаните го користат како замена за фосилно гориво при греење.
Чудно е, навистина, како успеале да ја креираат оваа свест кај народот. И да, изгледа нереално. Но, каде што има волја, има и начин.
фото: sweden.se
Жителите на Шведска поминуваат многу време во природа, па лесно ја прифатија идејата и начинот на кој ќе може да ја сочуваат истата.
Шведските домаќинства рециклираат дури 99% од ѓубрето. Од 21% во 2001 година, стигнаа до оваа неверојатна бројка како дел на „револуција во рециклирањето“ во целата земја.
фото: Фејсбук
Така, Швеѓаните станаа увозници на ѓубре кое најчесто стигнува од Норвешка.
И Германија и Холандија се увозници на ѓубре, но лидер е сепак оваа скандинавска земја.
Ова ни изгледа навистина далечно и нереално во блиска иднина да се случи во Македонија, нели?
Е. П. | Црнобело