Модерните „Ромео и Јулија“ кои се вљубија гледајќи се од тераса, сега ќе се венчаат
- Детали
- вторник, 22 септември 2020
Се сеќавате ли на парот од Италија кој се заљуби преку прозор за време на карантинот? Од испишано име на зграда и допишување на Инстаграм до брак после карантинот – приказната за модерните „Ромео и Јулија“.
За време на строгиот карантин, Италијанците речиси секој ден излегуваа на прозорци и тераси за да пеат и свират на инструменти, со што си помагаа да го поткренат духот во тешките времиња.
Така, Мишел и Паола кои живеат во две спротивни згради, се вљубија на прв поглед преку тераса, а кога тој го дознал нејзиното име, го испишал на чаршаф на неговата зграда.
Приказната за модерните „Ромео и Јулија“ го обиколи светот – прочитајте повеќе за нивното заљубување ТУКА.
За време на карантинот, парот се запознаваше преку пораки, а сега, неколку месеци подоцна, тие соопштија дека ќе се венчаат.
„Со сигурност ќе се венчаме, а ни остана уште да одбереме датум. Размислуваме за церемонија на големата тераса на кровот од мојата зграда, што ќе има смисла бидејќи се запознавме на нашите балкони.“ – открива 40-годишната Паола.
Додека траеше карантинот парот се допишуваше на Инстаграм и разговараше на телефон, а за првпат се сретнаа дури во мај, во локалниот парк во Верона.
Уште по првата средба сфатиле дека се такви какви што се замислувале и се доживеале како сродни души, а брзо потоа испланирале да се вселат заедно.
М. М. | Црнобело