Моќно видео: Кога тие можат без раце да стават маска – кој е вашиот изговор?
- Детали
- среда, 22 јули 2020
„Топло ми е/не можам да дишам/заборавам да ја ставам/ми ги витка ушите“ – мислите ли дека постои доволно добар изговор за не носење маска? Овие луѓе не се обидуваат да најдат изговор и покрај тоа што немаат раце...
Секојдневно сретнуваме луѓе кои одбиваат да носат заштитни маски иако според многу експерти засега тоа е единствениот начин да се намали ширењето на заразата на корона вирус.
И додека мислите дека имате доволно добри изговори за не ставање на маската, погледнете ги овие луѓе кои ништо не може да ги спречи да си ја стават маската и покрај нивните реални, физички попречувања.
Слепи луѓе, луѓе без раце и со протетичка рака си ја ставаат маската на лице – па зошто да не може вие да ја ставите? Спасете живот.
Моќното видео кое вирално се шири на социјалните мрежи:
#WearAMaskSaveALifeIf we can do it, so can you.
-->-->Posted by Noam Gershony - נועם גרשוני on Wednesday, June 24, 2020
М. М. | Црнобело