Низ фотки: Колку е опасна нашата зависност од пластика?
- Детали
- среда, 28 август 2019
Ако почнете да обрнувате внимание, ќе сфатите дека насекаде околу нас има отпад.
Пластични кеси, шишиња, чаши, амбалажи од храна, стара облека, играчки и стари електронски уреди – на листата како да ѝ нема крај.
Но најчесто се тешиме со тоа дека целиот отпад ќе заврши во некоја депонија, далеку од нашите очи. Но каде всушност завршуваат пластиката и целиот отпад што го фрламе?
Во Гватемала, овој отпад минува низ реката Мотагва. Најголемата река во државата минува и низ главниот град во кој живеат 3 милиони луѓе, а во сезоната на дожд, излеаната вода е полна со отпад.
Со години отпадот од водата завршува на плажите во Гватемала, задушувајќи ги малите рибарски заедници во пластика и стиропор.
Во малата заедница Ел Кецалито, локалните жители се обидуваат да исчистат нивните плажи, но овој проблем не е само локален, туку глобален. Всушност, 80% од пластиката во океаните е од неправилно складирање на отпадот.
Но изгледа дека проблемот не е неправилното складирање на отпадот, туку нашето неодговорно фрлање. Пластиката што завршува кај жителите на Ел Кецалито воопшто не потекнува од Гватемала, туку „допатувала“ од многу далеку.