Низ фотки: Колку е опасна нашата зависност од пластика?

Ако почнете да обрнувате внимание, ќе сфатите дека насекаде околу нас има отпад.

nashata-opasna-zavisnost-od-plastika-niz-fotografii-01.jpg

Пластични кеси, шишиња, чаши, амбалажи од храна, стара облека, играчки и стари електронски уреди – на листата како да ѝ нема крај.

Но најчесто се тешиме со тоа дека целиот отпад ќе заврши во некоја депонија, далеку од нашите очи. Но каде всушност завршуваат пластиката и целиот отпад што го фрламе?

Во Гватемала, овој отпад минува низ реката Мотагва. Најголемата река во државата минува и низ главниот град во кој живеат 3 милиони луѓе, а во сезоната на дожд, излеаната вода е полна со отпад.

Со години отпадот од водата завршува на плажите во Гватемала, задушувајќи ги малите рибарски заедници во пластика и стиропор.

Во малата заедница Ел Кецалито, локалните жители се обидуваат да исчистат нивните плажи, но овој проблем не е само локален, туку глобален. Всушност, 80% од пластиката во океаните е од неправилно складирање на отпадот.

Но изгледа дека проблемот не е неправилното складирање на отпадот, туку нашето неодговорно фрлање. Пластиката што завршува кај жителите на Ел Кецалито воопшто не потекнува од Гватемала, туку „допатувала“ од многу далеку.

Плажите во Гватемала најдобро го прикажуваат проблемот со отпадот

nashata-opasna-zavisnost-od-plastika-niz-fotografii-02.jpg

Локалните жители ги одржуваат „био-оградите“ поставени од владата чија цел е да го спречат отпадот да исплива во реката

nashata-opasna-zavisnost-od-plastika-niz-fotografii-03.jpg

Во Ел Кецалито, како и други помали заедници, жителите се обидуваат да ја искористат пластиката и на креативен начин

nashata-opasna-zavisnost-od-plastika-niz-fotografii-04.jpg

Гватемала има малку фабрики за рециклирање. Во Ел Кецалито собираната пластика се транспортира 300 километри на запад, кон главниот град Гватемала

nashata-opasna-zavisnost-od-plastika-niz-fotografii-05.jpg

Во главниот град постојат приватни установи за рециклирање каде што се одделуваат и компресираат материјали како хартија

nashata-opasna-zavisnost-od-plastika-niz-fotografii-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
„Ме силуваа 3 часа“ – Потресно сведочење на шпанска блогерка која била нападната од 7 мажи додека ка... „Кога врескав ме удираа по лицето. Ги молев да престанат, им понудив пари, да зе...
Дете на 2-годишна возраст се искачи до камп на Монт Еверест на 5.364 метри и сруши рекорд (фото) Со своите две години, малиот Картер од Англија стана најмладата личност која сти...
ТВ водителка поминала 400 операции, откако бившиот ја нападнал со киселина: „Се плашев од луѓето“ „Не сакав никого да видам и не сакав никој да ме види. Се сеќавам колку се плаше...
Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото) „Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави рестора...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg