Жена му родила бебе на најдобриот пријател на сопругот

Ким им помогнала нивниот сон да стане реалност. Таа била сурогат мајка за второто бебе на своите пријатели.

zhena-mu-rodila-bebe-na-najdobriot-prijatel-na-soprugot-01.jpg

Кели Булок (33) и нејзиниот сопруг Пол (35) биле разочарани кога дознале дека таа не може да роди второ дете.

Пол за ова се пожалил на својот пријател Марк Бот за време на една вечерна дружба со пијалак. Потоа Марк отишол кај неговата сопруга Ким, која веќе имала две лесни бремености, со идеја да им помогнат на нивните пријатели.

zhena-mu-rodila-bebe-na-najdobriot-prijatel-na-soprugot-05.jpg

Таа прифатила да го износи нивното второ дете. Резултатот е прекрасно пријателство за цел живот и малото момче Рајли, кое сега наполнило 15 месеци.

Ким всушност била сурогат мајка и Рајли дошол на овој свет со помош на не една, туку на две мајки.

Инаку Кели и Пол за првпат станале родители во 2013 година, но бременоста ја оставила Кели во агонија и таа минала 22 седмици во количка поради состојбата Symphysis pubis dysfunction. Кели не закрепнала сосема и парот знаел дека втора бременост е ризична за Кели и дека таа може да остане во количка.

zhena-mu-rodila-bebe-na-najdobriot-prijatel-na-soprugot-02.jpg

„Знаевме дека бременоста повеќе не е опција и сакавме да го сториме тоа со помош на сурогат мајка. Моето тело не можеше да го износи бебето, ни беше потребен некој друг.“

zhena-mu-rodila-bebe-na-najdobriot-prijatel-na-soprugot-08.jpg

Пол и Марк биле другари уште од основно училиште, па така Марк и неговата сопруга Ким со задоволство им помогнале.

Фотки од двата пара:

zhena-mu-rodila-bebe-na-najdobriot-prijatel-na-soprugot-06.jpg

zhena-mu-rodila-bebe-na-najdobriot-prijatel-na-soprugot-07.jpg

zhena-mu-rodila-bebe-na-najdobriot-prijatel-na-soprugot-04.jpg

zhena-mu-rodila-bebe-na-najdobriot-prijatel-na-soprugot-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена од Малезија 6 години се грижела за сопругот врзан за кревет - закрепнал и ја оставил за друга Кога на добра жена ќе ѝ се погоди лош и неблагодарен маж... Приказна од Малезија...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Свекорот ми се додворува кога сопругот не е дома – Што да правам?“ Како би реагирале вие кога би се нашле во ваква ситуација? Млада жена споделува ...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Мислев дека сопругот ми носи појадок во кревет – тој ми ставал отров за да го убие бебето во мојот ... „Ми велеше: ‘Ајде испиј ја водата, морам да одам’“ – жена од САД ја раскажува хо...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg