Мајка го испратила аутистичното синче во авион со порака и 10 долари за тој што ќе седи до него – што добила за возврат?

Го испратила синчето во посета на татко му, со 10 долари за оној кој ќе седи до него и порака дека може да стане нервозен -  за возврат добила емотивна порака и донација.

majka-go-ispratila-autistichnoto-sinche-vo-avion-so-poraka-i-10-dolari-za-toj-shto-kje-sedi-do-nego-shto-dobila-za-vozvrat-01.jpg

Алекса го испратила 7-годишното синче Лендон да го посети неговиот татко во Портланд, но со оглед на тоа што момчето има аутизам, мајката знаела дека летот може да биде тежок за него, па го подготвила добро.

Како и секој родител, таа била загрижена како ќе го поднесе летот, па му дала на синот порака и 10 долари, кои момчето требало да ги даде на патникот кој ќе седи до него во авион.

majka-go-ispratila-autistichnoto-sinche-vo-avion-so-poraka-i-10-dolari-za-toj-shto-kje-sedi-do-nego-shto-dobila-za-vozvrat-002.jpg

Она што се случило подоцна, го стоплило нејзиното срце и е потсетник дека уште постојат добри луѓе во светот.

„Денес син ми првпат леташе до Орегон да го види татко му. Го пратив Лендон со порака која требаше да ја даде на кој и да седи до него, во која пишува дека има аутизам и дека може да стане нервозен и да прашува често – дали стигнавме , па замолив да му помогнат да се чувствува безбедно, со 10 долари во пораката.

А, еве што добив - многу сум благодарна на овој човек и на тоа што уште постојат луѓе кои се разликуваат. Ти благодарам Бен! – напишала мајката на Фејсбук.

Today my son took his first flight to Oregon to see his dad. I sent Landon with a letter to give to whoever sat next to...

Posted by Alexa Bjornson on Thursday, June 27, 2019
" data-width="630" data-show-text="true">

Today my son took his first flight to Oregon to see his dad. I sent Landon with a letter to give to whoever sat next to...

Posted by Alexa Bjornson on Thursday, 27 June 2019


Пораката која ја добила за возврат гласи:

„Алекса,

Моето име е Бен. Јас седев до Лендон на неговиот лет до Портланд. Тој навистина праша неколкупати дали стигнавме, но беше одличен сопатник. Си поминавме одлично и игравме неколку рунди лист-камен-ножички.

Тој е одлично дете, а ти си среќна мајка. Ги ценам 10-те долари, но немало потреба од тоа. Ги донирав во Autism-Society.org во чест на Лендон.

Имајте убав ден!“

majka-go-ispratila-autistichnoto-sinche-vo-avion-so-poraka-i-10-dolari-za-toj-shto-kje-sedi-do-nego-shto-dobila-za-vozvrat-03.jpg

Приказната за ова прекрасно дело вирално се проширила, а коментарите на луѓето од цел свет се доказ дека вербата во човештвото и хуманите луѓе може да се врати, бидејќи многумина ја имаа загубено.

Во светот навистина постојат уште добри луѓе и се надеваме дека ваквите случаи ќе бидат почести и ќе живееме во свет каде сите ќе бидат прифатени и ќе живеат среќен живот каков што заслужуваат.

Извор

Би можело да ве интересира:

Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Поради рак на дојка, не можам да имам деца – најдобрата другарка ми беше сурогат мајка“ „Отсекогаш сакав да станам мајка и по дијагнозата со рак, мислев дека ќе биде не...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Растеле во мизерни услови со родители алкохоличари - светски ѕвезди кои биле сиромашни како деца Џастин Бибер немал пари ни за сок. Ники Минаж секоја вечер на колена се молела д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg