2 месеци после пожарот: До каде е реновирањето на Нотр Дам во Париз?

Поминаа повеќе од два месеци од пожарот во најпознатата црква во Париз, а сè уште не е јасно во која насока ќе се движи реновирањето.

2-meseci-posle-pozharot-do-kade-e-renoviranjeto-na-bogorodichnata-crkva-vo-pariz-01.jpg

Патрик Шове, деканот на катедралата, изјавил дека Богородичната црква е навистина жива. Но, изјавата на Барбара Шок-Вернер, која претходно водела работилница за обнова и одржување на Келнската катедрала, звучи малку поразлично.

Имено, според неа, црквата која сега е затворена за јавноста уште е изложена на опасност од рушење.

Расчистувањето го забавува почетокот на реконструкцијата

Барбара изјавила дека потпорните греди кои биле потопени за време на гасењето на пожарот можат да фатат мувла.

Таа изјавила дека состојбата на црквата била подобра вториот пат кога ја посетила, но дека изгорените греди и делови од срушениот покрив сè уште се наоѓаат на подот на црквата.

2-meseci-posle-pozharot-do-kade-e-renoviranjeto-na-bogorodichnata-crkva-vo-pariz-06.jpg

Францускиот претседател Емануел Макрон во обраќањето веднаш после пожарот вети дека црквата ќе биде обновена за пет години.

Филипе Виленув, главниот архитект за обновување на катедралата, се има тргнато настрана од тој временски рок.

Најголем проблем при реновирањето претставуваат тоните растопено олово од покривот кое ја труе внатрешноста на црквата. Поради опасност од труење, при отстранување на отпадот употребувале мали багери.

Ова го забавува чистењето, без кое реконструкцијата воопшто не може да почне.

2-meseci-posle-pozharot-do-kade-e-renoviranjeto-na-bogorodichnata-crkva-vo-pariz-02.jpg

Владата го има последниот збор

Макрон побара „креативно реновирање“, поврзаност на традицијата и модерното и „храброст полна со почит“. Овие слогани го поттикнаа натпреварувачкиот дух на архитектонскиот конкурс што беше распишан од владата.

До крајот на јуни, најверојатно ќе бидат доставени и предлози за обликување на кровот. Во меѓувреме се знае за неколку предлози – архитектот Винсент Калебо предлага на кровот на обновената црква да се изгради градина, на која годишно би се одгледувале околу 20 тони овошје и зеленчук.

Архитектот Улфа Мејергрен предлага да се изгради базен на кровот, така што црквената кула би била како водоскок.

Министерот за култура ги повикал Французите да учествуваат во јавната дебата за идниот изглед на катедралата, но сепак нагласил дека последниот збор ќе го има државата. Притоа не е јасно кога ќе се донесе одлука.

Една анкета од минатиот месец откри дека 54% од Французите поддржуваат реконструкција со стариот изглед на катедрала.

2-meseci-posle-pozharot-do-kade-e-renoviranjeto-na-bogorodichnata-crkva-vo-pariz-03.jpg

Без големи очекувања

Уште не е разјаснето како ќе се финансира реновирањето. После пожарот беа најавени многу големи донации, но до 14-ти јуни биле уплатени само 85 од ветените 850 милиони евра.

Голем револт предизвика фактот што поголемиот дел од донациите се од државјани на САД, додека Французите не платиле ни цент од ветеното. После овие критики почнале да пристигаат и француски донации, но сепак со мал износ.

2-meseci-posle-pozharot-do-kade-e-renoviranjeto-na-bogorodichnata-crkva-vo-pariz-04.jpg

Барбара предупредува дека не треба да имаме преголеми очекувања. Според неа, дури и ако кровот се постави за 5 години, на црквата ќе има уште многу работа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Близнаци милијардери обвинети за силување: „Во една вечер ме нападнаа и двајцата“ Им подметнувале на девојките дрога, ги носеле сосила во нивниот стан или на заба...
„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
Русин спасен по 67 дена во чамец среде студено море, со мртвите тела на брат му и внукот: „Морав да ... Маж од Русија преживеал 67 дена во чамец среде студеното Охотско Море, откако му...
„На 15 години избегав од најозлогласениот култ – Нè камшикуваа и бев силувана“ „Морав да избегам пред да наполнам 16 бидејќи тогаш си присилена на секс, без ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg