Ренџери од Конго ги имаат најдобрите селфи фотки - со горили кои позираат

Уште еден ден во канцеларија... како им изгледа работната околина на овие ренџери кои се задолжени за заштита на дивите животни во национален парк во Конго?

opasna-no-kul-profesija-gorili-poziraat-za-selfi-so-rendjeri-koi-ja-shtitat-divinata-01.jpg

Националниот парк Virunga во Демократска Република Конго е светско наследство на УНЕСКО, а според официјалната страна на паркот, истиот е под влијание на војна и вооружани конфликти во последните 2 децении.

Паркот се штити благодарение на тим од 600 посветени ренџери – локални мажи и жени кои поминуваат низ интензивни тренинзи и секојдневно си го ризикуваат животот за да го заштитат дивиот свет, вклучувајќи ги и загрозениот вид на планински горили.

opasna-no-kul-profesija-gorili-poziraat-za-selfi-so-rendjeri-koi-ja-shtitat-divinata-02.jpg

Иако работата на ренџерите кои се борат за заштита на животните во дивината е опасна, сепак има и непроценливи моменти како оние кога се поврзуваат со нив.

Покрај тоа што ги штитат, ренџерите наоѓаат време и да се „дружат“ со горилите и да уживаат во времето поминато со нив, па дури си прават и фотки со нив.

opasna-no-kul-profesija-gorili-poziraat-za-selfi-so-rendjeri-koi-ja-shtitat-divinata-03.jpg

На официјалната Фејсбук страна се објавени неколку фотки од горилите кои позираат за селфи со ренџерите во паркот.

Фотките се навистина прекрасни и претставуваат потсетник дека некаде има луѓе кои работат напорно и си го ставаат животот во опасност за да ја заштитат природата и животните.

Доказ дека „уште еден ден на работа“ не изгледа исто за сите...

WORDS TO LIVE BY- SAGESSE INTEMPORELLE From a Virunga National Park ranger, translated from the French: "When one is...

Posted by The Elite AntiPoaching Units And Combat Trackers. on Thursday, May 17, 2018
" data-width="630" data-show-text="true">

WORDS TO LIVE BY- SAGESSE INTEMPORELLE From a Virunga National Park ranger, translated from the French: "When one is...

Posted by The Elite AntiPoaching Units And Combat Trackers. on Thursday, 17 May 2018

ANOTHER DAY AT THE OFFICE... Photo: Ranger Mathieu Shamavu (c) NOTE: UNAUTHORIZED USE OF THIS PHOTO WILL BE REPORTED TO FACEBOOK

Posted by The Elite AntiPoaching Units And Combat Trackers. on Thursday, April 18, 2019
" data-width="630" data-show-text="true">

ANOTHER DAY AT THE OFFICE... Photo: Ranger Mathieu Shamavu (c) NOTE: UNAUTHORIZED USE OF THIS PHOTO WILL BE REPORTED TO FACEBOOK

Posted by The Elite AntiPoaching Units And Combat Trackers. on Thursday, 18 April 2019

FAMILY PORTRAIT Patrick Sadiki, Ndakasi & Matabishi. 🦍🦍😎

Posted by The Elite AntiPoaching Units And Combat Trackers. on Friday, August 10, 2018
" data-width="630" data-show-text="true">

FAMILY PORTRAIT Patrick Sadiki, Ndakasi & Matabishi. ???

Posted by The Elite AntiPoaching Units And Combat Trackers. on Friday, 10 August 2018

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Од Англија се преселив во Бугарија – конечно си ја купив куќата од соништата“ (видео) Британка која со семејството се преселила во Бугарија вели дека платила 26.000 е...
Старецот од Лондон чијашто куќа стана популарна за инфлуенсерките: „Ми се смачи да ги гледам како ми... „Имаше една девојка во боди и ја крена ногата целосно горе, па можев да видам сѐ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg