Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како изгледа 6-метарската елка на кралицата Елизабета украсена со 7.000 сијалички и кралски декорации? (фото)

Официјално, празничната сезона започна и во кралското семејство, а елката на кралицата Елизабета во Виндзор замокот е накитена.

kako-izgleda-6-metarskata-elka-na-kralicata-elizabeta-ukrasena-so-7-000-sijalichki-i-kralski-dekoracii-foto-01.jpg

Холот на Виндзор замокот како и секоја година, и сега повторно го краси 6-метарска елка, на која светкаат 7.000 сијалички.

Покрај со сијалички, елката е декорирана со прекрасни златни украси, меѓу кои и многу кралски елементи во форма на круна.

За декорирањето бил потребен ден и половина и персонал кој со помош на високи скали ја накитил елката за празничната атмосфера во замокот да започне.

Уште една елка е поставена во Crimson Drawing собата која кралицата Елизабета ја користи за приватни настани, а елката е декорирана со црвени и виолетови лампиони кои се во склад со боите на просторијата.

kako-izgleda-6-metarskata-elka-na-kralicata-elizabeta-ukrasena-so-7-000-sijalichki-i-kralski-dekoracii-foto-02.jpg

Иако кралицата не поминува многу време во овој замок за празниците, туку е на празничен одмор во Сандрингем со принцот Филип и други блиски членови на семејството, сепак традиционално, секоја година имаме увид во празничната атмосфера во Виндзор.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
Мами воздишки и во шестата деценија, ужива во улогата на баба - Која е најубавата кралица во светот? Никој не може ниту да претпостави дека родила 4 деца, а најубавата кралица во св...
Празничната реклама на „Дизни“ ги топи срцата - Приказната за момчето и октоподот е најубава детска ... Од страшна средба во океанот меѓу момче и октопод до неочекувано пријателство - ...
Блесна елката во центарот Рокфелер во Њујорк, украсена со 3 милиони кристали и Swarovski ѕвезда тешк... И годинава во срцето на Њујорк блесна огромната елка пред Рокфелер центарот – тр...
Има два клима уреди во секоја училница - Како изгледаат кинеските државни училишта? Воодушевена од изгледот на кинеските училишта, жена - доселеничка во Шангај, спо...
Има 300 луксузни автомобили и приватна армија, ќе владее 5 години – Кој е новиот крал на Малезија? Викендов беше крунисан новиот крал на Малезија кој ќе владее пет години. Новиот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg