Отровни стрели, оргии на плажа: 20 факти за изолираното племе од Северен Сентинел, што уби мисионер

На еден идиличен остров во Индискиот океан живее едно од најсмртоносните племиња на светот. Се верува дека е последното преднеолитско племе. Како изгледа нивниот живот?

otrovni-streli-orgii-na-plazha-fakti-za-izoliranoto-pleme-od-severen-sentinel-shto-ubi-misioner-01.jpg

Деновиве (објавено во текот на 2018-та) во медиумите осамна веста за убиството на младиот мисионер од САД Џон Ален Чау на индискиот остров Северен Сентинел, кој намерно по втор пат отишол меѓу домородците од затворената заедница заштитена со закон за да проповеда Христијанство.

otrovni-streli-orgii-na-plazha-fakti-za-izoliranoto-pleme-od-severen-sentinel-shto-ubi-misioner-001.jpg

Тој и претходниот ден отишол со кајак на островот , но кога се приближил до брегот , домородците почнале да го гаѓаат со стрели. Неговиот втор обид, иако со себе носел разни подароци за припадниците на племето, завршил кобно.

Кое е ова смртоносно племе?

Домородците од островот во Бенгалскиот Залив напаѓаат со отровни стрели, ножеви, копја, камења, секој пат кога некој ќе се приближи до нивниот остров.

Тие се едно од најизолираните племиња на светот и пораката што симболично ја испраќаат е: „Одете си дома, не нè вознемирувајте“.

otrovni-streli-orgii-na-plazha-fakti-za-izoliranoto-pleme-od-severen-sentinel-shto-ubi-misioner-10.jpg

Не се знае ништо за нивниот јазик, култура, систем на верувања, а дури ни колку се, дали десетици или стотици. Се верува дека бројката е околу 150, но не е сигурно.

Тие се едни од ретките „незаразени“ луѓе на планетава поради изолацијата, односно таму нема голем дел од болестите со кои се соочува остатокот од светот.

otrovni-streli-orgii-na-plazha-fakti-za-izoliranoto-pleme-od-severen-sentinel-shto-ubi-misioner-08.jpg

Тие нема да имаат одбранбен механизам ниту кон најобичните болести како грип, мали сипаници, па дури и нема да бидат отпорни на студ. Еден надворешен посетител да им донесе некоја зараза и може да бидат избришани од лицето на земјата.

Живеат среќно и здраво на нивниот остров со мангрови дрвја најмалку 30.000 години.

otrovni-streli-orgii-na-plazha-fakti-za-izoliranoto-pleme-od-severen-sentinel-shto-ubi-misioner-05.jpg

Се хранат со диви свињи, риби, школки, бобинки, мед...

Практикуваат енергични секс сесии на плажа, во кои учествуваат повеќе припадници на племето.

otrovni-streli-orgii-na-plazha-fakti-za-izoliranoto-pleme-od-severen-sentinel-shto-ubi-misioner-09.jpg

Според законот во Индија нелегално е ако им се приближите на дистанца помала од 9 километри.

Од минатата година нелегално е и да ги сликате.

otrovni-streli-orgii-na-plazha-fakti-za-izoliranoto-pleme-od-severen-sentinel-shto-ubi-misioner-04.jpg

Уште 10 факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...
„Мислев дека сопругот ми носи појадок во кревет – тој ми ставал отров за да го убие бебето во мојот ... „Ми велеше: ‘Ајде испиј ја водата, морам да одам’“ – жена од САД ја раскажува хо...
Жена од Бразил станала полицајка за да го фати убиецот на татко ѝ – го уапсила 25 години по убиствот... 36-годишна полицајка од Бразил го посветила целиот живот на барањето на убиецот ...
Се шпекулира дека ѝ е татко на Клои Кардашијан, одговараше за двојно убиство: Кој е О. Џ. Симпсон? По вчерашната вест за смртта на О. Џ. Симпсон, јавноста се присетува на шпекулац...
Девојка од САД која го нарачала убиството на мајка ѝ е пуштена од затвор Голем дел од животот, Џипси го поминала мислејќи дека е болна – користела инвали...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg