Сите го оперираат носот, домовите им се како музеј: 9 факти и митови за Иран
Факти за Иран:
Факт 1: Ринопластиката е многу популарна.
Според операциите изведени на носот Иран може да се најде на првото место во светот. Насекаде ќе сретнете луѓе со фластер на носот, кои си направиле операција.
Сега тоа стана мода и девојките слободно кажуваат дека го оперирале носот, затоа што тоа го сметаат за доказ дека нивното семејство е богато.
Факт 2: Иран има уникатна храна што се продава на улиците
Не говориме за бургер или хот-дог, туку за храна која можете да ја пронајдете само таму.
Плус, Иранците се гостопримливи и секогаш готват превкусни јадења за своите гости.
Факт 3: Влезовите на зградите им се како во хотел, а собите од становите како музеј
Имаат одлично инфраструктура и додека кај богатите Иранци сè е со модерни технолошки уреди, кај Иранците од средна класа ентериерот е уникатен и изгледа како да сте во музеј.
Семејството им е најважното нешто во животот, па домот сакаат да биде топол и пријатен.
Факт 4: Насекаде има интересни архитектонски дела
Младите архитекти сакаат да екпериментираат, па прават уникатни мостови, фасади во кои комбинираат дрво со метал и други интересни решенија.
Факт 5: Дозволени се операции за промена на полот
Владата дури им помага на луѓето финансиски и донира 3.000 долари за операцијата на полот, кај оние кои чувствуваат дека се во погрешно тело.
По Тајланд, следува Иран според бројот на извршени операции за промена на полот.
С. С. | Црнобело