Сите го оперираат носот, домовите им се како музеј: 9 факти и митови за Иран
- Детали
- среда, 22 август 2018
Знаете ли дека во Иран владата им дава финансиски придонес на лицата кои ќе се одлучат за операција за промена на полот?
Иран е земја која ни изгледа како да е обвиена во мистерија. Животот таму отсекогаш интригирал, а постојат и низа предрасуди околу тоа како се живее таму.
Многу луѓе се плашат да појдат во Иран затоа што не знаат дали ќе бидат безбедни, но напротив таму ќе видите држава која ги обожава боите, автентични изработки, љубезни луѓе и убав живот.
Митови за Иран:
Мит 1: Иранските жени се обвиени во црно од глава до петици
По исламската револуција во 1979 година се воспоставил дрес код во Иран според кој жените не смеат да имаат голи нозе во јавност, ракавите треба да им бидат барем три-четврт, не смеат да носат тесна облека и да ги истакнуваат облините и косата треба да им биде покриена со марама.
Сепак, младината не е толку религиозна и можете да видите Иранки во сандали со високи потпетици, фармерки и други модерни парчиња и марамите најчесто се носат само префрлени преку главата како моден додаток, а не се целосно обвиени околу лицето.
Мит 2: Жените во Иран немаат никакви права
Жените во Иран живеат подобро отколку жените во некои други арапски земји . Тие ако сакаат може да бидат домаќинки, но може да бидат и полицајки, продавачки, новинарки, односно сè што ќе посакаат.
Плус, сè почесто глава на семејството се жени, односно тие управуваат со буџетот и раководат со домаќинството. Имаат право да се разведат, да возат автомобил, да студираат во странство.
Мит 3: Иран е многу опасно место
Поради лошите односи со САД, репутацијата на Иран е влошена во целиот свет. Иако, постојано се поврзува со терористички напади и војни, извештаите покажуваат дека Иран е побезбедна од Авганистан, Нигерија, Сирија, па дури и од САД и Русија.
Поради санкциите во државата не се присутни некои светски модни брендови, синџири на исхрана и социјални мрежи, но тоа е друга приказна.
Мит 4: Невестата и младоженецот се запознаваат на свадбата
Да, но само кај најтрадиционалните семејства, кои строго се држат до религијата и на децата им забрануваат врски пред бракот.
Од друга страна, модерните Иранци излегуваат на состаноци и се држат за рака. Сепак, не смеат да се бакнуваат во јавност.
И младоженецот сè уште треба да даде голем подарок на семејството на невестата кога ја зема т.н. „mehriye“.