Мажот познат како жив Кен за 50-тата операција: „11 дена мислев дека конците ќе пукнат“
- Детали
- среда, 01 февруари 2017
33-годишниот Родриго Алвес, кој е уште попознат како реалната, жива верзија на Кен, ја направил и 50-тата операција за која тврди дека била „најтешката во неговиот живот“.
Тој јавно сподели со фотографии како изгледало заздравувањето на раните од операцијата со која заклучно потрошил 468.898 долари на козметички процедури.
„Беше тешко. Ако јадев цврста храна постоеше можност да ми се искинат конците и да добијам инфекција“ - објаснува тој.
„Не можев да се бањам со топла вода, бидејќи пареата ги проширува крвните садови, а тоа можеше да доведе до појава на хематоми на моето лице“ - додава.
„Не смеев да кревам тешко и морав да спијам 11 дена под агол од 45 степени за постојано да има проток на крв“ - продолжува.
Но, според него, целата мака вредела, бидејќи сега изгледа како да има 19 години.
Од друга страна, тој вели дека постои една работа за која не е среќен. Бидејќи секој ден јадел само супа и сладолед сега смета дека е здебелен најмалку 10-ина килограми.
Н. Г. | Црнобело