Голи на протест во Шпанија
- Детали
- понеделник, 15 март 2010
Додека здруженијата за заштита на животните насекаде низ светот се борат за животите на мачките и кучињата, активисти во Шпанија овој...
... викенд протестираа против борбите со бикови.
Потполно голи, активистките легнаа на сред еден матадорски плоштад и по себе размачкаа лажна крв. Нивната цел е
целосно да се забрани традиционалниот шпанска корида која веќе со години предизвикува контраверзии во оваа земја.
Јавната дебата за овој национален спорт стана актуелна на почетокот на овој месец кога Мадрид најави дека ќе пушти барање до UNESCO, во кое борбите со бикови ќе се прогласат за културно наследство!
Во исто време покраината Каталонија ја разгледуваше опцијата за забрана на коридата. "Борбите со бикови биле инспирација за Пикасо, Гарсија Лорка, Хемингвеј и Орсон Велс. Тоа е уметност која одамна е дел на нашата култура", изјавила Есперанса Агире - премиерката на мадридските регионални влади.