Баба и дедо ја пеат заедничката песна за последен пат (видео)
- Детали
- вторник, 22 септември 2015
Лаура и Ховард биле во брак цели 73 години, а во видеото кое го објави нивната внука, Ховард тивко и пее помирен со фактот дека неговата сопруга полека умира.
„Бев доволно среќна да ги овековечам овие скапоцени моменти кои ми го стопија срцето. Ховард, дедо, и ја пее нивната љубовна песна, песна која и била утеха кога тој отишол во Втората светска војна.“
„Само неколку моменти пред да започнам да снимам, кога баба го слушна дедо во собата, замоли дали може да го гушне. Иако дедо не може да стои сам, инстантно скокна од столчето и и дозволи да го прегрне. Мојата роднина Серена, која е терапевт, му помогна да издржи на нозе додека не ја заврши песната,“ раскажува внуката во описот на видеото.
Нема да издржите долго пред да ви се насолзат очите: