Убавината не е пресудна: Најгрдата жена на светот е храбра и успешна

Лизи Веласкез има 26 години и боледува од ретко генетско заболување поради кое изгледа многу постаро и не може да се дебелее, а низ социјалните мрежи стана позната како најгрдата жена на светот.

ja-narekuvale-najgrdata-ena-na-svetot-a-denes-taa-e-uspeshna-i-sreknja-01.jpg

Веласкез има само 28 килограми и висока е 157cm, а поради генетското заболување кое влијае на нејзините мускули, лице, мозок и коски, таа никако не може да добие повеќе килограми.

ja-narekuvale-najgrdata-ena-na-svetot-a-denes-taa-e-uspeshna-i-sreknja-1.jpg

Кога имала 17 години таа станала жртва на негативните коментари и онлајн малтретирањата кои доаѓале од социјалните мрежи. И пишување дека треба да си го заврши животот, дека е најгрда жена на светот...

Негативните искуства започнале кога за првпат тргнала на училиште и сфатила дека е поразлична од другите деца.

„Тоа беше многу трауматично искуство за една 5-годишна девојка“ – објаснува Веласкез, но со поддршката од родителите израснала во позитивна личност која стекнала пријатели и се занимавала со дополнителни активности во животот.

ja-narekuvale-najgrdata-ena-na-svetot-a-denes-taa-e-uspeshna-i-sreknja-2.jpg

Сè се променило кога на YouTube наишла на видео од неа кое било преполно со негативни коментари како: „нејзините требале да ја абортираат“, „требале да ја запалат“...

Никој не викал: „Таа е само дете, оставете ја на мира“ или „Не ја знаете нејзината приказна за да зборувате така“.

Сепак, тоа што го добила прекарот „Најгрда жена во светот“ не ја спречило да стане успешна жена. Таа денес има напишано книга и е мотивациски говорник, а нејзиното Тед видео има повеќе од 8 милиони прегледи.

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Жена од Малезија 6 години се грижела за сопругот врзан за кревет - закрепнал и ја оставил за друга Кога на добра жена ќе ѝ се погоди лош и неблагодарен маж... Приказна од Малезија...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg