Skype ја повлече тужбата
- Детали
- вторник, 10 ноември 2009
Компанијата eBay постигна договор со основачите на Skype, заради чија тужба дојде до проблеми со продажбата на дел од овој интернет сервис на...
...група инвеститори по цена од две милијарди долари.
Ebay известува дека е постигнат договор со Niklas Zennstrom и Janus Friis, сопственици на компанијата Joltid Ltd., околу спорните авторски права над софтверот.
Имено, тие тврдеа дека Skype ја користи нивната технологија без одобрување.
Тужбата беше покрената токму за време на продажбата на Skype на група инвеститори, но eBay успеа да ја реши целата работа со тоа што им понуди на Zennstrom и Friis 14% удел во Skype.
По постигнувањето на договорот со Zennstrom и Friis, групата инвеститори ќе поседува 56 проценти од Skype, а eBay задржува 30 проценти.
Инаку, Zennstrom и Friis во септември годинава, веднаш по покренувањето на тужбата против eBay, покренаа тужба и против некогашниот партнер Mike Volpi кој сега е партнер во Index Ventures, една од инвестициските компании која сега планира да го купи Skype.
eBay потврди дека Index Ventures веќе не е дел од групата инвеститори бидејќи како што наведуваат „не одговараат на критериумите за вложување“.
Договорот за продажбата на Skype ќе биде завршен до крајот на годината.