Леб за контрацепција?
- Детали
- понеделник, 07 септември 2009
Не е ни чудно што Британија има најголем % непланирана бременост во Европа кога таму жените се уверени дека лебот и кокошкината кожа можат да се...
...користат на место презервативи.
Анкетата во која учествувале 10.000 жени од 18 до 50 години покажала колку се прават грешки кога е во прашање планирање на семејство.
Една од пет анкетирани жени користи бизарен метод за заштита од непосакувана бременост.
Некои од нив навеле јадење кромид или користење леб, пластични омоти и кокошкина кожа.
Половина од анкетираните сметаат дека долгорочното користење на контрацепциски апчиња можат да предизвикаат неплодност.
Др. Ени Еванс, специјалист за женско здравје изјавила:
“Не е изненадување што анкетата даде вакви ресултати со оглед на тоа дека В.Британија има најголем % на непланирана бременост во Европа“.