Октоберфест - пиво, жени, пиво
- Детали
- недела, 23 септември 2012
Сите љубители на популарниот пијалак на база на хмељ воодушевено го дочекаа почетокот на Октоберфест.
Познатиот минхенски фестивал 16 дена ќе биде домаќин на илјадници луѓе ширум целиот свет.
На отварањето присуствуваше и градоначалникот Кристијан Уде, кој го отвори првото буре со пиво со два удари со чекан и потоа наздрави со кригла пиво.
Традицијата е започната уште пред 202 години и тоа во чест на венчавањето на баварскиот принц, а со тек на време ова стана еден од најпознатите фестивали на светот.
Специјално уживање се пивата произведени според стогодишни рецепти кои се чуваат во тамошните музеи. Фестивалот се одржува на површина од 30 хектари, а минатата година беше посетен од околу 7 милиони луѓе па се очекува сличен број на посети и оваа година. Фестивалот завршува на 7ми октомври.
И Плејбој зајачиците се полија со пиво за да го означат почетокот на Октоберфест.