Обликот на пивската чаша влијае на пиењето

oblikot-na-pivskata-casa-vlijae-na-pienjeto

Иако обликот на чашата сигурно не е првата работа за којашто размислуваат посетителите на пивниците, истражувачите од универзитетот во британскиот град Бристол веруваат дека обликот на чашата влијае врз брзината на пиењето.

Студијата објавена во магазинот PLoS ONE, сугерира дека луѓето пијат многу побрзо од заоблени чаши отколку од рамни, а истражувачите сметаат дека тоа е поради тоа што заобленото стакло го отежнува „правилниот ритам“ на испивањето.

Во истражувањето учествувале 159 жени и мажи кои пиеле пиво или сок. Сите чаши содржеле исто количество течност, околу половина литар, но некои биле заоблени а некои рамни.

Во испивањето безалкохолни пијалаци немало разлика имајќи го предвид обликот на чашите. На испитаниците им било потребно околу седум минути да ја испразнат чашата, независно од нејзиниот облик. Кај оние, пак, што пиеле пиво воочена е голема разлика меѓу групите со различни чаши. Додека на оние што пиеле од заоблени чаши им биле потребни седум минути да го испијат своето пиво, на оние коишто пиеле од рамни чаши им биле потребни 11 минути.

„Времето на испивање, во споредба со заоблените чаши, забавено е речиси 60 отсто кога алкохолниот пијалак се пие од рамна чаша“, се заклучува во студијата.

Истражувачите сметаат дека заобленото стакло го отежнува ритамот на испивање, бидејќи поради нејзиниот облик тешко е да се процени колку течност уште има во чашата. На испитаниците им се покажувани серија слики од полуполни чаши и биле прашувани дали се полни повеќе или помалку од половината. Истражувачите во студијата тврдат дека луѓето давале почесто погрешни одговори кога количеството течност ја проценувале во заоблени чаши.

„Испитаниците не можеа да проценат колку брзо пијат, така што не можеа да го одредат ритамот“, вели за BBC раководителката на истражувањето др Анџела Етвуд. Таа сугерира дека луѓето не се грижеле за брзината на пиењето кај безалкохолните пијалаци, со што би можело да се објасни зошто формата на чашата не влијаела на нив.

Студијата, меѓутоа, го мерела времето потребно за испивање само на еден вид пијалак во лабораториски услови, така што не е познато дали тоа се случува и во локалите и кога ќе се испијат повеќе чаши.

Од порано е докажано дека обликот на чашата влијае на количеството алкохол што го пијат луѓето. Една студија од 2005 година покажа дека луѓето најверојатно ќе наточат повеќе алкохол во ниски и широки, отколку во долги и тенки чаши.

02.09.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Шетаат боси во канцеларија, одат голи во сауна: Што ме изненади најмногу кај Финците?“ „Она што не го знаев сè додека не се преселив таму е дека културната норма е во ...
Татко си е татко: Чарлс му прости на Хари и го прими на 45 минути, но Вилијам нема намера да го види „Хари со душа чекал да добие покана од Вилијам за да преноќи кај него, но намест...
Близнаци милијардери обвинети за силување: „Во една вечер ме нападнаа и двајцата“ Им подметнувале на девојките дрога, ги носеле сосила во нивниот стан или на заба...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg