Мрачната приказна за „совршената ќерка“, која најмила платени убијци за да се ослободи од родителите
На судењето, таткото на Пан сведочел дека ѝ рекол да ја прекине врската со Вонг, велејќи: „Ако не, ќе мора да чекаш да умрам“.
Најверојатно тогаш Пан ја донела бизарната одлука.
Родителите на Пан имале приближно 200.000 долари заштеда и полиси за животно осигурување, кои требало да бидат поделени меѓу Џенифер и нејзиниот брат Феликс доколку заговорот за убиство на родителите успеел.
Џенифер Пан денес има 39 години, а во моментов ја издржува казната во затворот „Grand Valley Institution for Women“ во Онтарио.
Во мај 2023 година, Апелациониот суд на Онтарио ѝ одобри ново судење за обвинението за убиство од прв степен, поради неправилности во упатствата дадени на поротата за време на првото судење.
Во април 2025 година, Врховниот суд на Канада ја потврди оваа одлука, што значи дека Пан ќе се соочи со ново судење за убиството на нејзината мајка. Сепак, нејзината осуда за обид за убиство на нејзиниот татко останува на сила, и таа продолжува да ја издржува доживотната казна.
За овој случај е снимен и документарецот на Нетфликс „What Jennifer Did“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





