Мрачната приказна за „совршената ќерка“, која најмила платени убијци за да се ослободи од родителите
- Детали
- среда, 23 април 2025
Глумела дека е совршена ќерка... Џенифер Пан од Канада ги убедила своите родители дека е одлична ученичка и студентка, но кога ја откриле лагата, ангажирала платени убијци да ги убие. Тогаш имала 24 години. Денес има 39 години и отслужува доживотен затвор.
Џенифер Пан од Канада во 2010 година организирала напад врз своите родители, претставувајќи го како грабеж.
Нејзината мајка била убиена, а татко ѝ преживеал и сведочел против неа.
Иако првично тврдела дека била жртва и дека станувало збор за грабеж, истрагата открила дека таа ангажирала платени убијци за да ги убие родителите, кои ѝ забранувале врска со момчето.
Пан била осудена на доживотен затвор, без право на условна слобода цели 25 години.
Случајот ја шокирал јавноста поради нејзиното дволично однесување и наизглед „совршен“ живот.
Таа всушност изгледала како совршена ќерка.
Кога го организирала нападот Џенифер имала 24 години и живеела со своите родители.
Во нивниот дом било провалено и нејзините родители биле застрелани.
По низа траги и испрашувања, станало јасно дека Џенифер Пан го организирала нападот врз своите родители.
Дури во нејзиното трето испрашување, Пан признала дека ангажирала платени убијци и била уапсена под обвинение за убиство од прв степен и обид за убиство, заедно со тројцата извршители и сочесници.
Пан беше прогласена за виновна за убиство од прв степен и обид за убиство на 13 декември 2014 година.
Пан наводно била одгледана во многу строг дом и имала многу ограничен пристап до пријатели надвор од домот.
Под притисок, Пан почнала да лаже за сè: фалсификувала диплома од универзитет откако испаднала од средно училиште, па дури и направила лажни платни списоци за непостоечка работа за да поминува време со своето момче.
На судењето, Пан изјавила дека се чувствувала како „пропадната личност“ поради високите очекувања од нејзините родители и неуспехот да ги исполни.
Таа дури тврдела дека ангажирала убијци да ја убијат неа, а не родителите.
Но иако Пан можеби чувствувала притисок од родителските барања, таа никогаш не тврдела дека била жртва на физичка или сексуална злоупотреба.
Во времето на убиството, Пан била скршена поради раскинувањето со Даниел Вонг, еден од соучесниците во убиството.
Тие биле во врска неколку години пред да раскинат по барање на нејзините родители.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





