Вака изгледа Јапонија година дена по цунамито!
- Детали
- петок, 24 февруари 2012
На 11 март 2012 година ќе се одбележи годишнина од големиот земјотрес, односно цунамито кое ја разори Јапонија и однесе 19.000 животи.
Во прилог се неверојатни слики како последица на разорното цунами, но и денешната состојба по речиси година дена. Јачината на цунамито јасно се гледа по исфрлените бродови на улица или на кров од зградите.
Јапонската влада тогаш проценила дека во следните десет години за обновување на подрачјето уништено од земјотресот и цунамито ќе бидат потребни најмалку 291 милијарда долари.
Од јапонскиот совет за план за обновување, неколку дена по катастрофата изјавиле дека првите три години ќе бидат потребни за задачи како обновување на патиштата и градба на привремени сместувања, а дека за обновување на градовите ќе бидат потребни уште четири години.
Погледнете како тече обновувањето.