Прво видео од Кејт Мидлтон откако исчезна - Јавноста верува дека е нејзина двојничка
- Детали
- вторник, 19 март 2024
„Објавија и лажно видео од Кејт? Значи никогаш повеќе нема да ја видиме“, е еден од коментарите на луѓето кои не веруваат дека на новото видео се гледа Кејт Мидлтон, туку двојничка, откако настана драма во британските медиуми со наводната вест што се очекува од кралското семејство.
По вчерашните сведоштва дека Кејт Мидлтон била забележана во јавност, но без да биде објавен доказ, сега британскиот The Sun сподели фотки и видео од принцезата, под притисок на јавноста.
42-годишната Кејт е фотографирана на пазар во друштво на принцот Вилијам, а и двајцата се во лежерно издание.
Парот носи ќеси во рацете, и се сами, односно без нивните деца, а Кејт е насмеана.
Кејт последен пат се појави во јавност околу католичкиот Божиќ, а оттогаш никој ја нема видено.
Според официјалната изјава од палатата, таа имала операција и закрепнувала, а планирала да им се врати на должностите по католичкиот Велигден.
Но, јавноста не верува во изјавите на палатата, па се појавија бројни теории на заговор за тоа што точно ѝ се случило на принцезата.
Изгледа дека за некои, ни новото видео од Кејт не е добар доказ дека таа е во ред.
Напротив, на социјалните мрежи се шири уште една теорија на заговор, односно дека жената на видеото воопшто не е Кејт.
Некои, пак, сметаат дека видеото е обработено со помош на вештачка интелигенција за жената повеќе да наликува на Кејт.
Сето ова е додека британските медиуми се во исчекување на наводното големо соопштение од Бакингемската палата кое BBC треба да го објави, за што уште нема никакви новости.
Нормално, овде се и шегите на сметка на новото видео.