„Имам страбизам и очите ми беа искривени – Морав да направам операција бидејќи сакам да станам модел“
- Детали
- недела, 12 ноември 2023
Ели од Велс има 19 години и работи како Инстаграм модел. Таа има страбизам, поради што очите ѝ биле искривени. Но, бидејќи сакала да работи како професионален модел, а стандардите за убавина се превисоки, сфатила дека мора да направи операција на окото.
Ели Дејвис од Велс е Инстаграм инфлуенсерка и модел која има страбизам – состојба позната и како „мрзливо око“.
Поради страбизмот, очите на Ели не гледаат во иста насока, но токму оваа уникатна карактеристика ѝ помогнала да стане Инстаграм ѕвезда.
Сепак, бидејќи сакала да стане професионален модел, била присилена да направи операција за да го исправи окото.
До неодамна, 19-годишната Ели гордо го покажуваше својот уникатен изглед.
На Инстаграм има над 70.000 следбеници со кои споделува фотки од секојдневието, мејкап туторијали, но и саркастични замерки за оние кои се шегувале на нејзина сметка.
Ели неретко објавува видеа на кои се шегува на своја сметка.
Фановите ја сакаа Ели токму поради нејзината уникатност, но таа вели дека стандардите за убавина се престроги во професионалниот свет на модата.
Па, на 30-ти септември годинава направи операција.
Таа сподели и фотка од болничката соба.
„Вчера беше ден што ми го промени животот. За некои можеби ова не значи многу, но јас отсекогаш сум била исплашена од оваа операција...
Го сакав моето мрзливо око и можно е да се врати, но засега е колку-толку средено“, пишува на објавата.
Сепак, Ели истакнува дека покрај кариерата, постоел и ризик да ѝ се влоши видот доколку не ја направи операцијата.
Во детството на Ели ѝ дале да носи очила со диоптер, но таа не ги носела.
Сега ја предупредиле дека видот ѝ се влошува, па таа се исплашила.
„Има уште една причина – мојот вид се влошува колку подолго го одложувам третманот. Мојот вид не е најдобар, но сега можам да гледам“.
https://www.instagram.com/p/CsOJKbMrB7u/