Како изгледа најубавиот аеродром во светот за 2023-та? (фото)
- Детали
- среда, 08 ноември 2023
Со огромниот дигитален водопад, ентериерот со илјадници растенија, но и панорамскиот поглед кон пистите, не е ни чудно што аеродромот Changi во Сингапур е прогласен за најубав во 2023-та.
Аеродромот Changi во Сингапур беше прогласен за најубавиот во 2023 година од страна на Skytrax World Airport Awards.
Skytrax е фирма која спроведува истражувања за комерцијални авиокомпании и сè поврзано со комерцијалното летање со авион, а од 1999-та, секоја година го избираат и најубавиот аеродром во светот.
Годинава тие направиле избор од 500 аеродроми од целиот свет, а како што спомнавме, првото место му припадна на аеродромот Changi во Сингапур.
Што го прави овој аеродром посебен?
Можеби највпечатливиот детаљ на аеродромот е огромниот дигитален водопад висок 14 метри кој е релативно нова инсталација.
Ова е всушност голем екран кој создава илузија дека во аеродромот има цел водопад.
Внатрешноста е украсена со над 20.000 растенија, а рестораните и кафетериите се наоѓаат на место кое нуди панорамски поглед кон пистите.
Исто така, на овој дел од аеродромот има и автоматизиран бар од кој патниците можат да се послужат со бесплатен коктел.
Секако, на аеродромот има и голем фришоп, украсен со ЛЕД екрани на кои има смирувачки сцени.
Низ аеродромот има неколку места за одмор, а целата внатрешност е украсена со растенија, но и со ЛЕД екрани кои проектираат разни анимации.
На аеродромот има и место за играње за малите деца, а има и специјален терминал со соодветна поддршка за луѓето со инвалидитет.