„Не сте грди, само сте сиромашни“ - Инфлуенсерката Миа Дио потрошила над 30.000 долари за промена на изгледот
Дио потрошила над 30.000 долари на своето „ново лице“.
Направила голем број естетски зафати, почнувајќи од погрешни филери за усни кои подоцна ги растворила, до зголемување на градите и операција на носот.
Во видеото таа нагласува дека иако значително ја зголемила својата самодоверба, козметичките третмани и зафати не треба да се сметаат за универзално решение за ниска самодоверба.
„Мислам дека е важно да се напомене дека козметичките процедури или пластичната хирургија не се замислени како еднократно решение за проблемите со самодовербата. Иако може да помогнат“, вели инфлуенсерката.
Видеото многу брзо стана вирално и луѓето ја поддржаа нејзината искреност.
„Она што ми се допаѓа е што за разлика од многу влијателни/славни личности кои негираат дека нешто менувале на себеси, таа е отворена во врска со тоа“, гласи еден од коментарите под видеото.
„Ни претходно ти не си била грда, но ако ова те прави среќна, сосема е во ред. Носот ти изгледа одлично, многу природно“, напиша друг.
Еден од следбениците се пошегува: „Луѓе, не сте грди, само сте сиромашни. Благодарам што ти го потврдуваш ова. Ова е едно од најдобрите видеа некогаш“.