„Не сте грди, само сте сиромашни“ - Инфлуенсерката Миа Дио потрошила над 30.000 долари за промена на изгледот
- Детали
- четврток, 02 ноември 2023
Нејзините обожаватели често ѝ се восхитуваат поради нејзиниот изглед, а неодамна одлучи да разјасни која е тајната на нејзината убавина. Потоа, доби пофалби за искреноста! Миа Дио од Мајами сподели и со кои зафати на себе погрешила...
Сѐ повеќе луѓе отворено и искрено зборуваат за естетските корекции кои ги направиле.
22-годишната инфлуенсерка Миа Дио од Мајами јавно проговори за своето искуство со пластичните операции.
Оваа млада девојка има над 5 милиони следбеници на ТикТок, а на Инстаграм ја следат повеќе од 558.000 луѓе.
Миа на ТикТок се прослави со објавување на комични скечеви и содржини поврзани со убавина.
Нејзините обожаватели често ѝ се восхитуваат поради нејзиниот изглед, а неодамна одлучи да разјасни која е тајната на нејзината убавина.
Дио одлучи искрено да проговори за сите естетски зафати кои ги имала.
Во виралното видео кое го објави на својот YouTube канал отворено зборува за низата козметички процедури низ кои поминала, споделувајќи ги своите искуства и резултатите со своите следбеници.
Таа во видеото истакнува дека во минатото се чувствувала „грдо“ и одлучила своите пари да ги вложи во различни третмани за да ги подобри своето лице и тело.