Луѓето ја нарекуваат „зомби“ - Далија има направено 43 операции за да личи на Барби и не планира да запре
- Детали
- недела, 22 октомври 2023
Далијa Наим сонува да личи на барбика, но засега добива само критики за изгледот. Не обрнува внимание на негативните коментари и ќе продолжи со естетските операции сѐ додека не го добие посакуваното.
Далија Наим има 29 години и во светот е позната како „Барби од Ирак“.
За да го постигне совршениот изглед на Барби, Далија направила 43 естетски операции на кои потрошила илјадници долари.
И што е уште полошо, таа нема намера да запре со хируршките зафати.
https://www.instagram.com/p/CsrtlZRIT0B/
Далија работи како водителка и актерка во Ирак и е многу популарна во својата земја.
На Инстаграм ја следат околу 900.000 луѓе, а многумина внимателно ги следат сите нејзини нови естетски корекции.
Оние кои ја следат од самите почетоци не можат да веруваат колку е променета физички.
https://www.instagram.com/p/Ccgix8qjEpi/
Што се однесува до корекциите, таа досега ги има пополнето усните со филери, има направено операција за зголемување на градите, а како резултат на нејзината упорност има многу необичен изглед, поради кој добива многу критики.
„Изгледаш како зомби“ е коментарот кој најчесто се појавува под нејзините фотографии.
Луѓето честопати за неа знаат да кажат дека е „прекрасно грда“, но таа не обрнува внимание на вкавите коментари.
Нејзините планови заега се да посети нова клиника во Австрија за повторно да се оперира и на тој начин уште повеќе да се доближи до нејзиниот идеал – куклата Барби.