„Поради ретко нарушување немам коса - цел живот ме малтретираа за изгледот, но денес работам како модел“
- Детали
- сабота, 21 октомври 2023
Поради ретко нарушување, 21-годишната Хана Харпин голем дел од животот била жртва на булинг. Таа е глува, делумно слепа и нема коса, а нејзините врсници ја исмевале за тоа. Денес, храбрата девојка работи како модел и се бори против дискриминацијата на луѓето како неа.
Хана Харпин има 21 година и е родена со синдром познат како Hay-Wells.
Поради болеста, таа е глува и делумно слепа. Истовремено, речиси и да нема коса и има многу светла кожа бидејќи синдромот има влијание врз пигментацијата на кожата.
Хана има уникатен изглед поради синдромот и денес е модел. Но, вели дека во минатото нејзиниот изглед бил причина да стане жртва на булинг.
Малтретирањето било толку лошо, што Хана имала и суицидни мисли.
„Сакав да бидам како сите други. Поголемиот дел од животот ме малтретираа – ме пцуеја по улица, ме прашуваа дали имам рак… Едно момче дури и ме плукна, а неговите пријатели го снимаа тоа.
Низ годините сериозно размислував за самоубиство поради ваквите инциденти“.
Професијата како модел ѝ помогнала да си ја врати самодовербата, а сега Хана се залага и за прифаќање на други модели со разни нарушувања и попречености.
„Сега се чувствувам моќно и се надевам дека ќе помогнам да се ослободиме од стигмата за моделите со нарушувања“.
Хана била дијагностицирана со синдромот на 3-годишна возраст.
Нејзините симптоми почнале да се појавуваат речиси веднаш откако се родила, а родителите почнале да се грижат кога забележале дека откако ѝ паднала „бебешката“ коса, не ѝ пораснала нова.
Низ годините, синдромот не влијаел само врз нејзиниот изглед, туку ѝ ја разнишал и самодовербата.
До 2019-та, Хана не се осмелувала некој да ја види без перика.
Но, решила да ја прифати својата природна убавина, па почнала да објавува фотки на Инстаграм без периката.
Во 2021-ва била забележана од моден бренд, по што почнала нејзината кариера.
Досега таа има учествувано на ревии и фотосесии за модни брендови од Венеција, Амстердам и Лондон.
„Почнав да работам како модел во 2021-ва. Ова ми помогна да си ја променам перспективата, но и да ја видам суровоста на светот.
Нема многу модели со попречувања бидејќи и самите модни брендови бараат модели со одредени нарушувања.
Сега имам порака до мојата 10-годишна верзија: Престани да се грижиш што ќе кажат другите бидеќи од тоа само ќе ти се направат брчки“.