Идилично гратче во САД им забрани пристап на инфлуенсерките - им го нарушуваат мирот на локалците секоја есен (фото)

Ова место делува толку идилично, што години наназад инфлуенсерите од цела Америка, но и луѓе кои сакаат убава есенска фотографија доаѓаат таму и остануваат со часови само за да направат убава фотка. Биле организирани дури и туристички тури, а автобуси застанувале на патот само за луѓето да може да се сликаат покрај фармата Sleepy Hollow.

najfotografiranata-farma-vo-sad-im-zabrani-pristap-na-influenserite-vrshat-nuzhda-se-presoblekuvaat-go-blokiraat-patot-01.jpg

Градот Помфрет, Вермонт, е едно од омилените места за есенски фотографии на на инфлуенсерите од САД. Кафено-портокаловите бои, во комбинација со жолто и по малку зелено се нереални и изгледаат совршено на фотките.

Особено се интересни оние кои се направени на патот кој води до имотот Sleepy Hollow, од каде што се пружа прекрасна глетка – идилична фарма, прекрасна шума, есенски лисја...

najfotografiranata-farma-vo-sad-im-zabrani-pristap-na-influenserite-vrshat-nuzhda-se-presoblekuvaat-go-blokiraat-patot-03.jpg

Ова место делува толку привлечно, што години наназад инфлуенсерите од цела Америка, но и луѓе кои сакаат убава есенска фотографија од цел свет доаѓаат таму и остануваат со часови само за да направат убава фотка.

Тие најчесто ги оставаат своите автомобили среде пат и го блокираат сообраќајот. Некои се пресоблекуваат и по неколкупати за да имаат фотки во различна гардероба, а локалното население се жали дека има и такви кои вршат нужда покрај патот. 

Во 2022 година биле организирани дури и туристички тури, а автобуси застанувале на патот само за луѓето да може да се сликаат покрај фармата.

Sleepy Hollow Farm е приватен имот опкружен со јаворови дрвја, а глетката го одзема здивот.

najfotografiranata-farma-vo-sad-im-zabrani-pristap-na-influenserite-vrshat-nuzhda-se-presoblekuvaat-go-blokiraat-patot-02.jpg

До 2020 година, фармата била во сопственост на луѓе кои не живееле таму, туку доаѓале повремено и немале проблем со луѓето кои сакале само да се фотографираат.

Но, новите сопственици живеат на имотот, па ним им пречат туристите, бидејќи тие почнуваат да доаѓаат за фотографирање уште во средината на септември, во средината на октомври се најбројни, кога лисјата се веќе портокалови, а некои одат да се фотографираат и на почетокот на ноември.

najfotografiranata-farma-vo-sad-im-zabrani-pristap-na-influenserite-vrshat-nuzhda-se-presoblekuvaat-go-blokiraat-patot-04.jpg

На фармата сега се поставени и знаци дека станува збор за приватен имот, но многумина не ги почитуваат и ја прескокнуваат оградата од имотот, само за та да не се гледа на нивните објави на Инстаграм.

И на локалното население „му е преку глава“ од несаканите гости. Тие за американските медиуми велат дека луѓето кои доаѓаат само за фотографирање само им го нарушуваат мирот.

najfotografiranata-farma-vo-sad-im-zabrani-pristap-na-influenserite-vrshat-nuzhda-se-presoblekuvaat-go-blokiraat-patot-05.jpg

Затоа, оваа година, тие го затвориле локалниот пат, кој води кон имотот и градот Помфрет.

Сега, таму можат да поминат само локалците, но не и туристите.

najfotografiranata-farma-vo-sad-im-zabrani-pristap-na-influenserite-vrshat-nuzhda-se-presoblekuvaat-go-blokiraat-patot-06.jpg

Патот ќе биде повторно отворен за сите по крајот на есенската сезона, кога сликата на имотот Sleepy Hollow Farm веќе нема да биде толку идилична и интересна за фотографирање.

Градските власти решиле ова да се претвори во пракса која ќе ја продолжат секоја година, за да имаат нормален живот, без туристи и инфлуенсери кои се во трка по фотка што ќе им донесе многу лајкови.

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Изолирано амазонско племе за првпат доби интернет: „Децата се залепени на екраните, зависни се од по... Пред 9 месеци добија интернет, а веќе се соочуваат со последиците. Припадниците ...
Европски градови најповолни за живеење со деца: Ниски кирии, мала стапка на криминал Просечната месечна кирија за трособен апартман во Виена e 1.560 евра, што го пра...
Силувал девојка во бессознание, забранет му е пристап во семејниот дом - Скандалите на синот на норв... Во август беше обвинет за напад, по што призна дека консумирал алкохол и опојни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg