„Се омажив сама за себе - колегите на работа ме пријавија, велат дека сум психички нестабилна“
- Детали
- петок, 13 октомври 2023
„Имаше многу коментари, зад грб ми зборуваа дека сум патетична, луда, осамена, гладна за внимание. Бараа да се направи истрага за тоа колку сум ментално стабилна. Една колешка напишала изјава на 3 страници за мојата ментална нестабилност. На крајот си дадов отказ“, вели Андрија Џонсон (39) од САД, која се омажи самата за себе.
Американката Андрија Џонсон (39), која е разведена, неодамна се омажи сама за себе.
Таа отпатувала во Тулум, Мексико, облекла бел фустан, си ставила самата на себе прстен и читала завети пред локален службеник.
Си организирала и прием за себе на кој јадела торта, пиела шампањ, а направила и фотосесија.
Таа е воодушевена од нејзината одлука да се венча со себе и да се нарекува себеси „госпоѓа“, наместо „госпоѓица“.
Но, нејзините колеги не го делеле нејзиниот ентузијазам. Тие дури и ја пријавиле во одделот за човечки ресурси, велејќи дека е психички нестабилна.
„Имаше многу коментари, зад грб ми зборуваа дека сум патетична, луда, осамена, гладна за внимание и низа други работи. Бараа да се покрене истрага за тоа колку сум ментално стабилна. Беше навистина тежок период.
Дури и по венчавката, реакциите од колегите не стивнаа. Една колешка напишала изјава на 3 страници во која ја опишала мојата ментална нестабилност поради тоа што се омажив за себе. На крајот си дадов отказ“, рекла Андрија.
Пред да се омажи за себе, таа веќе била во брак со 14 години постар маж.
Се венчале во Лас Вегас во 2015 година. И иако сонувала за долга и здрава врска, посебно што нејзините родители се во брак 42 години, таа и сопругот се развеле во 2018.
Андрија се обвинувала себеси дека не е „совршена сопруга“, па во еден период одела и на психотерапии. На една од сесиите таа му рекла на својот терапевт: „Се сакам себеси и би сакала да се венчам со себе“.
„Сакав да ја прославам мојата нова врска со себе, правејќи го она што требаше да го направам пред неколку години – да се ставам себеси на прво место.
Тоа што сум во брак со себе ме научи на многу работи, но пред сè научив дека треба да се сакам себеси. Мојот однос со себе го ставам над сè и постојано работам на тоа“, вели таа.
А. Ј. | Црнобело