Детенце од Бразил има густи влакна на лицето и телото на само 2 години: „Има повеќе брада од возрасен маж“ (фото)
- Детали
- недела, 08 октомври 2023
Мигуел од Бразил има само две години, но неговите лице и тело веќе се прекриени со густи влакна. Не е познато која е причината за оваа појава, но со својот уникатен изглед, слаткото момче ги освојува симпатиите на јавноста и веќе е ѕвезда на ТикТок каде што има над 100.000 следбеници.
Малиот Мигуел Џоао стана ѕвезда на ТикТок благодарение на неговиот уникатен изглед.
2-годишното момче има густи влакна на телото и лицето или, како што велат неговите родители, има повеќе брада од возрасен човек.
Мајката и таткото на малото момче немаат откриено која е причината за неговиот изглед, но велат дека е како секое детенце на негова возраст. Единствено се разликува по влакнестото тело.
Малиот Мигуел се прослави откако неговите родители почнаа да споделуваат видеа со него на ТикТок.
Фасцинирани од изгледот на слаткото момче, корисниците веднаш се вљубија во него, па сега профилот има над 100.000 следбеници.
Во коментари, тие честопати ги споделуваат своите теории за причината за влакнестото тело на малиот Мигуел.
Некои веруваат дека станува збор за лануго – меки влакненца со кои се раѓаат 30-тина проценти од бебињата.
Кај некои бебиња, овие влакна се потемни и побројни, но не се опасни или загрижувачки.
Наводно, овие влакна паѓаат сами од себе во првите недели од раѓањето. Сепак, во некои случаи, можат да останат и подолго.
Бидејќи Мигуел има две години, можеби станува збор за нешто потполно но друго.
Но, без разлика, слаткото момченце продолжува да ги освојува срцата на своите следбеници со уникатниот изглед.