„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца и убила над 100

amerikanka-otvorila-klinka-za-gladni-deca-vo-uganda-gi-lekuvala-bez-licenca-ubila-nad-100-no-ushte-e-na-sloboda-02.jpg

Од 2010 до 2015 година, во центарот биле згрижени 940 дечиња, од кои починале 105. Голем дел од нив умирале уште во првите 48 часа откако биле згрижени во центарот.

Некои од поранешните волонтери тврдат дека Рене одела дотаму што ги терала очајните родители да не бараат лекарска помош на друго место, туку да ја остават неа да ги лекува нивните деца.

amerikanka-otvorila-klinka-za-gladni-deca-vo-uganda-gi-lekuvala-bez-licenca-ubila-nad-100-no-ushte-e-na-sloboda-05.jpg

Во многу случаи, на дечињата не им била потребна само храна, туку и лекарска помош која Рене не им ја овозможувала.

„Не беа само гладни, имаа сериозни болести. Пневмонија, паразити во стомакот, туберкулоза, многу од нив имаа и ХИВ во поодмината фаза…“, открива волонтерка која работела во клиниката.

amerikanka-otvorila-klinka-za-gladni-deca-vo-uganda-gi-lekuvala-bez-licenca-ubila-nad-100-no-ushte-e-na-sloboda-08.jpg

Ситуацијата била толку лоша, што секоја недела умирало по барем едно детенце.

Кога клиниката на Рене почнала да се соочува со многу критики, властите во Уганда ја затвориле, а Рене се вратила во САД.

amerikanka-otvorila-klinka-za-gladni-deca-vo-uganda-gi-lekuvala-bez-licenca-ubila-nad-100-no-ushte-e-na-sloboda-2.jpg

Во 2019-та, Рене била тужена од семејства на децата кои починале во нејзината клиника.

Следната година, се согласила да им исплати одредена сума.

amerikanka-otvorila-klinka-za-gladni-deca-vo-uganda-gi-lekuvala-bez-licenca-ubila-nad-100-no-ushte-e-na-sloboda-03.jpg

Во 2021-ва уште четири семејства ја тужеле Рене. Тие истакнале дека во моментот кога ги однеле децата во нејзината клинка, воопшто не биле свесни дека таа не е лекар и не смее да ги лекува.

Наводно, дел од судските битки уште траат, а Рене сè уште е на слобода.

amerikanka-otvorila-klinka-za-gladni-deca-vo-uganda-gi-lekuvala-bez-licenca-ubila-nad-100-no-ushte-e-na-sloboda-10.jpg

Таа живее во САД со две деца што ги посвоила од Уганда и наводно само дала ветување дека нема да се враќа во земјата обидувајќи се да помогне.

За случајот на Рене има и документарец на HBO, насловен Saviour Complex (комплекс на спасител):

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg