„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца и убила над 100

Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиника за гладни деца во Уганда. Но, поради третманите што им ги давала на децата со болести туберкулоза, па и ХИВ, над 100 од нив починале, голем дел уште во првите 48 час откако биле згрижени. Како до денес Рене е уште на слобода?

amerikanka-otvorila-klinka-za-gladni-deca-vo-uganda-gi-lekuvala-bez-licenca-ubila-nad-100-no-ushte-e-na-sloboda-01.jpg

Рене Бах од Вирџинија, САД, е позната како „ангелот на смртта“ поради нејзините обиди да им „помогне“ на гладни дечиња во Уганда.

Рене отворила центар за рехабилитација, односно клиника во Уганда каде што згрижувала гладни дечиња. Но, таа и ги лекувала, без оглед на тоа што нема завршено медицина, а уште помалку имала лиценца да работи како лекар.

Поради ова, од околу 900 дечиња кои биле во центарот, над 100 починале, па сега Рене се соочува со тужби од нивните семејства, но уште е на слобода.

amerikanka-otvorila-klinka-za-gladni-deca-vo-uganda-gi-lekuvala-bez-licenca-ubila-nad-100-no-ushte-e-na-sloboda-11.jpg

Како Рене стана позната како „ангелот на смртта“?

39-годишната Рене отсекогаш била верник, а во 2009 година решила да отвори центар за згрижување на гладни и болни деца во Уганда.

Наводно, таа верувала дека Бог ја пратил на мисија да ги спаси овие деца.

И, иако можеби нејзината намера звучела најдобро, Рене само дополнително им наштетила.

amerikanka-otvorila-klinka-za-gladni-deca-vo-uganda-gi-lekuvala-bez-licenca-ubila-nad-100-no-ushte-e-na-sloboda-3.jpg

Рене првпат отишла во Уганда во 2007-ма, во нејзините тинејџерски години. Токму тогаш помислила дека мора да помогне.

Во 2009-та, откако наполнила 19 години, Рене повторно отишла во Уганда, овојпат со намера да го отвори нејзиниот центар.

Таа основала непрофитна организација и ги собрала потребните пари преку донации од нејзината црква во Вирџинија.

amerikanka-otvorila-klinka-za-gladni-deca-vo-uganda-gi-lekuvala-bez-licenca-ubila-nad-100-no-ushte-e-na-sloboda-04.jpg

Клиниката ја нарекла Serving His Children (во служба на неговите деца) и идејата била да им нуди бесплатни оброци на дечињата и да направи програми со кои ќе ги натерала локалците да се вклучат во решавање на проблемот.

Но, Рене почнала да се однесува и како лекар.

Самата им давала маски со кислород на дечињата, им ставала системи, им правела крвни слики и бројни други процедури, без разлика што нема завршено медицина, а ниту имала дозвола да отвори клинка.

amerikanka-otvorila-klinka-za-gladni-deca-vo-uganda-gi-lekuvala-bez-licenca-ubila-nad-100-no-ushte-e-na-sloboda-4.jpg

Калинката на Рене почна да го привлекува вниманието на јавноста, но и на властите, во 2018-та, благодарение на организација а No White Saviours (без бели спасувачи).

Оваа организација се фокусира на проблем кој станува навистина сериозен – луѓе од бела раса кои одат во сиромашни земји мислејќи дека ќе ги спасат жителите.

Во реалноста, тие предизвикуваат многу повеќе проблеми, бидејќи не се соодветно едуцирани и тренирани. Притоа, голем дел од овие спасители не одат за да помогнат, туку само за да си го наполнат своето его – нешто слично со случајот на Рене.

amerikanka-otvorila-klinka-za-gladni-deca-vo-uganda-gi-lekuvala-bez-licenca-ubila-nad-100-no-ushte-e-na-sloboda-09.jpg

Интересно е што постои и вид нарушување познат како „синдром на спасител“.

Ова нарушување се однесува на луѓе кои имаат потреба да добиваат благодарност и признанија од другите, па пробуваат да „помагаат“ по секоја цена, дури и кога со тоа создаваат повеќе проблеми.

amerikanka-otvorila-klinka-za-gladni-deca-vo-uganda-gi-lekuvala-bez-licenca-ubila-nad-100-no-ushte-e-na-sloboda-06.jpg

Откако јавноста дознала за случајот на Рене, дел од луѓето кои работеле за неа почнаа да споделуваат детали од нејзината клиника.

Според една волонтерка, која е и медицинска сестра, Рене мислела дека лекарите во Уганда не знаат што прават. Па, наместо да ги слуша нив, ги пребарувала болестите на Гугл и ги лекувала децата со препораки од интернет.

Всушност, Рене се однесувала како самата да е лекар и постојано носела бел мантил и стетоскоп.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg