„Имам 25 години и во брак сум со 48-годишен маж – ми велат дека е предатор и дека ќе ме остави кога ќе остарам“
Алија вели дека е свесна дека сопругот ќе остаре побрзо од неа и дека тоа носи свои предизвици.
„Имам размислувано за сите аспекти од врската со постар маж. Можеби звучам наивно, но подготвена сум да се справам со што било со што ќе се соочиме и планирам да се грижам за него до неговиот последен здив.
Без разлика колку тешко ќе биде, бидејќи нашата поврзаност е таква“, додава таа.
Алија вели дека со сопругот се фокусираат на позитивните коментари.
„Добиваме многу поддршка онлајн од парови кои исто така имаат голема возрасна разлика“.
Алија и Стив се запознале во септември 2019 година. Девојката вели дека на почетокот помеѓу нив се јавила само физичка привлечност, но по неколку излегувања се родиле и чувства.
Стив има две деца од претходна врска – 26-годишна ќерка и 22-годишен син.
Алија, пак, има мала ќерка од претходна врска.
Таа вели дека има поддршка од ќерка ѝ, но уште немала можност да се зближи со децата на сопругот.
„Ги имам запознато, но уште се немаме зближено. Разбирам дека можеби им е малку чудно и дека се прашуваат за моите намери за нивниот татко“.
Алија вели и дека ова не ѝ е првпат да биде во врска со постар маж, но дека никој не ја сакал како сопругот.
„Точно е дека некои мажи имаат лоши намери кога излегуваат со помлади жени. Сум била во врска со мажи кои се постари и од сопругот, но не биле за мене.
Треба да најдеме личност која вистински нè сака и поддржува. За оние кои нè критикуваат, само се надевам дека еден ден ќе најдат љубов како нашата“.
Спирова С. | Црнобело