„Имам 25 години и во брак сум со 48-годишен маж – ми велат дека е предатор и дека ќе ме остави кога ќе остарам“
- Детали
- среда, 27 септември 2023
25-годишната Алија е во брак со 48-годишниот Стив. Парот се прослави на ТикТок, но редовно добиваат критики поради разликата во возраста – некои сметаат дека Стив е предатор, а некои се сигурни дека ќе ја остави Алија за помлада жена кога таа ќе остаре.
Врските во кои помеѓу партнерите има голема возрасна разлика не се ништо ново. Но, кога оваа разлика е многу голема, честопати се осудувани од јавноста, особено ако помладиот партнер е во своите 20-ти.
Во ваква ситуација е 25-годишната Алија Лара од Калифорнија која е во брак со 48-годишниот Стив Лара.
Тие се заедно околу две години, а се венчале во август минатата година.
Стив има две деца од кои едното е постаро од Алија, а Алија има мала ќерка од претходна врска.
Стив е цели 23 години постар од Алија, а девојката вели дека честопати луѓето мислат дека ѝ е татко, како и дека се соочуваат со злобни коментари.
Најголем дел од коментарите парот ги добива на ТикТок каде што Алија споделува видеа од нивното секојдневие.
Целта им е да докажат дека возрасната разлика помеѓу нив не значи ништо и дека навистина се вљубени.
„Многупати луѓето му кажуваат на Стив дека ќерка му била убава и покажуваат кон мене. Па, мора да им објаснуваме дека сум му сопруга.
Не ги гледам овие коментари како лоши, но ситуациите се засрамувачки. Бидејќи онлајн споделувам за нашата врска, негативните коментари на ТикТок се многубројни.
Добиваме коментари како ’Ова е болно‘, ’Тој е предатор‘, ’Ќе те остави за помлада жена кога ќе остареш‘ и уште многу други кои пробувам да ги блокирам веднаш штом ќе ги видам“, вели Алија.