Помагала во водење на картелот, важи за „најопасната жена на светот“: Која е сопругата на Ел Чапо, која беше ослободена од затвор?
Додека Ел Чапо беше во затвор, Ема почнала да студира новинарство, а веројатно ова ја охрабрило да зборува со медиумите за нејзиниот озлогласен сопруг.
Ема нема дадено многу интервјуа, но во секое умешно го брани сопругот кој е обвинет не само за шверц на дрога, туку и за грозоморни дела, како силување малолетни девојчиња.
„Тој никогаш не би допрел жена со лоши намери, ниту, пак, би ја натерал да прави нешто што таа не сака“, изјави Ема во една пригода.
Во 2019 година, кога беше судењето на Ел Чапо, Ема присуствуваше на секое сослушување.
Според присутните, секојпат кога таа влегувала во судницата, Ел Чапо радосно ја поздравувал.
Исто така, кога жена која била нападната од Ел Чапо сведочела против него и низ солзи го раскажувала своето лошо искуство, Ема гласно ѝ се смеела.
Ема и Ел Чапо имаат и две ќерки близначки кои исто така присуствувале на судењето.
Во 2021 година, и Ема беше уапсена.
Покрај обвиненијата за шверц на дрога, таа беше обвинета и дека му помогнала на Ел Чапо во неговото бегство од затворот преку тунел кој бил ископан однадвор.
Според некои извори, Ема самата им се предала на властите, но ова не е потврдено.
Како што спомнавме, Ема доби 3-годишна казна затвор која беше намалена од непознати причини.
Наводно, Ел Чапо побарал дозвола Ема да го посети во затворот сега штом е ослободена, но не е познато дали ќе му биде исполнета желбата.
Ема, пак, беше забележана во ноќен клуб во Лос Анџелес речиси веднаш откако ја ослободија.
Прочитајте и: Избега од затвор преку тунел, при апсењето на син му загинаа 29 лица: Како Ел Чапо стана најмоќниот нарко-бос во светот?
Спирова С. | Црнобело