Помагала во водење на картелот, важи за „најопасната жена на светот“: Која е сопругата на Ел Чапо, која беше ослободена од затвор?
- Детали
- вторник, 19 септември 2023
По две години зад решетки, 33 години помладата сопруга на озлогласениот наркобос Ел Чапо беше пуштена на слобода. 33-годишната Ема, која до денес му е лојална на сопругот, беше уапсена за шверц со дрога и перење пари, но и помагање во филмското бегство од затвор на Ел Чапо во 2015-та.
Моментално Хоакин Гузман, попознат како Ел Чапо, е најозлогласениот наркобос во светот.
Тој се наоѓа во затвор со максимално обезбедување во Колорадо, каде што отслужува доживотна затворска казна.
Ел Чапо е лидер на картелот Синалоа, а се верува дека има влијание дури и од затворската ќелија.
Во бизнисот со картелот беше вклучена и неговата сопруга Ема Коронел Аиспуро, поради што беше уапсена.
Сега, пак, Ема беше ослободена, по две години поминати во затвор.
Ема беше осудена во ноември 2021-ва за шверц на дрога и перење пари.
Таа се изјасни како виновна, по што доби 3-годишна затворска казна, како и парична казна од 1,5 милиони долари.
Не е познато зошто Ема е ослободена порано, но наводно уште на судењето покажала каење за нејзините постапки.
Поради нејзината вклученост во картелот на сопругот, Ема неретко е нарекувана и една од најопасните жени во светот.
Која e Ема Коронел Аиспуро и како си ја заработилa оваа титула?
Ема е родена во Калифорнија, а нејзиниот татко бил дел од картелот на Ел Чапо.
Моментално татко ѝ отслужува затворска казна за неговите активности во склоп на картелот.
Ема пораснала во село во Мексико.
Таа го запознала Ел Чапо во Мексико, а не е познато дали тогаш почнале врска.
Неколку месеци подоцна, Ема се пријавила на натпревар за убавина, а според мексиканските медиуми, Ел Чапо се појавил на настанот со вооружени членови од неговиот картел.
Токму на овој настан, тој најавил дека ќе се венчаат.
Тие направиле свадба кога Ема наполнила 18 години - тогаш Ел Чапо имал околу 50 години.
„Мислам дека ме освои со неговиот начин на зборување, со тоа како ме третираше и колку добро се согласувавме – прво како пријатели, а потоа сè останато“, изјави Ема во 2016 година.