Детали за приказната од Полска што го згрози светот: Татко бил во врска со ќерката (20), добивалe бебиња и ги убивале
- Детали
- понеделник, 18 септември 2023
Колегите каде што 20-годишната Паулина работела забележале дека е бремена, но таа негирала. Откако го пријавиле случајот во полиција се дознало дека таткото и ќерката со години живеат во инцестуозна врска, а во нивниот подрум имало останки од 3 новороденчиња.
Светот го обиколи хорор приказната од селото Черники во Северна Полска, каде таткото Пјотр Ѓерашик живеел во инцестуозна врска со неговата ќерка Паулина Ѓерашик (20), а парот добил доживотна казна затвор откако во нивниот дом биле најдени останки од 3 новородени бебиња.
Властите во петокот (15.09) направиле претрес во нивната семејна куќа и во подрумот биле најдени останките од две бебиња што биле завиткани во најлон и закопани во плитки гробници.
По детално истражување, бил најден уште еден гроб на трето бебе, чиишто останки биле во понапредна фаза на распаѓање.
Според известувањата во светските медиуми, таткото и ќерката веднаш биле уапсени, пришто ќерката била обвинета за двојно убиство и инцестуозна врска, додека таткото се соочува со обвинение за едно убиство и инцест.
Две од бебињата биле на ќерката Паулина и нејзиниот татко кои живееле во инцестуозна врска, а третото го добиле откако таткото силувал друга од неговите ќерки.
Според изјавите на соселаните, Пјотр се доселил во селото Черники и живеел како самохран татко, откако неговата сопруга починала. Тој имал 10 или 12 деца, а најстарите веќе ја напуштиле куќата.
Во изминатиот период живеел само со Паулина и синот Дамијан (24) кој имал пречки во развојот, а се жалел дека татко му го тепа и го брка на улица.
„Тој даваше добар впечаток. Дворот е запуштен, но тој вгради нови прозорци во куќата. Немаше знаци дека има проблеми со алкохолот.
Одеше често на прошетки со децата во шумата и заедно собираа печурки. Делуваа како сосема нормални луѓе“ – велат соселаните.
Други пак, тврдат дека кога проаѓале покрај куќата, одвнатре се слушале звуци на секс, додека Дамјан избркан седел на столче пред прагот на куќата, но никој не го пријавувал случајот затоа што Паулина не се противела на врската со татко ѝ.
Дека нешто не е во ред со Паулина, забележале нејзините колеги во пекарницата каде што работела, откако таа прво почнала да носи поширока облека, а потоа побарала одмор, но по 3 недели се вратила видно ослабена и кога ја прашале дали била бремена, таа негирала и тврдела дека имала циста.
Колешката не ѝ поверувала на приказната на Паулина, па одлучила случајот да го пријави во полиција.
По ова полицијата ја започнала истрагата и открила што навистина се случувало во хорор куќата. Се верува дека Пјотр и Паулина заедно ги убивале бебињата.
Инаку, Пјотр бил многу љубоморен на ќерката, па затоа ѝ ја бричел главата за другите момчиња да не ја гледаат, а според изјавите на очевидци таа својот татко го гледала како Бог.
Б. С. Б. | Црнобело