Двајцата го промениле полот, се венчале и имаат деца: „Ние сме нормални луѓе, а не чудаци“
- Детали
- петок, 15 септември 2023
На прв поглед изгледаат како сосема нормално семејство. Трансродов пар од Велика Британија има две ќерки: „Мили и Теди се создадени од чиста љубов“.
Хана и Џејк Граф се првиот транссексуален пар во Велика Британија кој добил заедничко дете.
44-годишниот Џејк и 35-годишната Хана се венчале во 2018 година, а набрзо потоа ја добиле првата ќерка.
Тоа им успеало со помош на сурогат мајка. Нивната прва ќерка Мили се родила во 2020 година, а втората ќерка Теди минатата година.
Пред да го промени полот, Хана била капетан во британската војска, а нејзиниот сопруг Џејк бил актер.
Ќерките ги добиле користејќи јајце клетки кои Џејк ги зачувал за време на паузата од неговата хормонска терапија.
Тие биле оплодени со донаторска сперма две години пред да ја запознае Хана, а сосема случајно избрал донатор кој физички изгледа како неговата сопруга - „висок, атлетски инженер со кафеави очи“ - за да го балансира неговиот понизок раст и љубовта кон музиката.
„Татко на две деца! Тоа е повеќе од она што го посакував. Самото изговарање на оваа реченица ми изгледа неверојатно“, изјавил Џејк.
Тие велат дека себеси се сметаат за среќни луѓе, бидејќи многу трансродови личности го посакуваат токму тоа што тие го имаат.
„Ние сме нормални луѓе, а не чудаци какви што нѐ претставуваат. Луѓето ни судат иако не нѐ познаваат“, вели Џејк.
;