„Ми ја запали облеката кога реков дека ќе го оставам“: Бившата сопруга на вистинскиот волк од Волстрит со нови детали од бурниот брак
Во друго видео, таа зборува за нивната раскошна свадба на Карибите.
„Изгледаме многу среќни, зарем не? Но, ниту еден од нашите гости не знаеше дека имавме страшна караница претходната вечер.
Џордан зеде 10 апчиња Quaalude (силен седатив) и се опи, а јас бев разочарана. Отидовме во нашата соба и му реков дека сум многу гневна.
Се скаравме ноќта пред свадбата, но што да правев. Имавме 200 луѓе на островот за прославата.
Па, си го облеков фустанот и се појавив со широка насмевка, но во себе бев многу, многу тажна“.
Во филмот The Wolf of Wall Street, во кој многу детали се точни, Надин вели дека една сцена малку се разликува од реалноста.
Во филмот има сцена каде што таа му се заканува дека ќе си замине и ќе ги земе нивните деца.
Сепак, во реалноста таа не му се заканила со децата.
„Ниту еднаш не сум му рекла на Џордан – ниту кога беше во затвор, ниту кога било – дека ќе му ги одземам децата.
Она што се случи, како што видовте во филмот, е дека Џордан имаше сериозен проблем со зависност од дрога, а јас навистина мислев дека ќе се самоубие.
Му реков: ’Нема да седам овде и да гледам како се убиваш‘. Па, му реков дека ќе го оставам освен ако не оди на рехабилитација.
Тогаш тој ми ја запали облеката, ја фрли во каминот и стана многу, многу гневен. Ми рече дека ќе ја однесе ќерка ми во Флорида, а јас му реков ’само преку мене мртва‘.
Во тој момент стана насилен и ме турна по скалите“.
Надин откри и дека не ѝ било сеедно кога дознала дека ќе се снима филм според автобиографијата на Џордан Белфорт.
„Кога дознав дека ќе го прават филмот The Wolf of Wall Street – мислам дека беше во 2011 или 2012 – бев смртно преплашена.
Веќе ја преживеав оваа грчка трагедија, а сега целиот свет ќе ја гледа. Мојата траума пред целиот свет.
Уште полошо беше бидејќи тогаш работев на докторатот по психологија и си помислив ’Кој ќе сака да дојде да ми биде пациент?‘“.
На крај, таа сепак се помирила, а самиот филм дури ѝ помогнал во кариерата.
Нејзините пациенти знаеле дека таа ќе ги разбере бидејќи самата поминала низ вистинска траума.
Надин вели дека денес со Џордан се во генерално добри односи и заедно се грижат на нивните две деца.
Таа има и друг сопруг кој ја цени и сака.
Спирова С. | Црнобело