Тажната животна приказна на младиот милионер, кој бараше асистент за да патува со него низ светот
- Детали
- петок, 15 септември 2023
Метју Лепре е млад милионер од Австралија кој е познат по дарежливоста. Оваа негова карактеристика потекнува од неговото тешко детство – родителите живееле од социјална помош, а татко му имал биполарно нарушување и бил насилен. Неодамна, Метју бараше асистент за патување кој ќе добива плата, но и на кој ќе му бидат покриени буквално сите трошоци на патувањата.
Милионерот и инфлуенсер Метју Лепре го привлече вниманието на јавноста на почетокот од септември годинава, со неговиот примамлив оглас за работа.
30-годишниот бизнисмен од Австралија бараше личен асистент кој ќе патува со него. Притоа, истакна дека кандидатите не мора да имаат никакво искуство.
„Патувам постојано, се сретнувам со важни клиенти, им помагам да го развијат нивниот бизнис. Барам личност која ќе ми биде десна рака и која ќе ми помага на моите патувања“.
На асистентот ќе му бидат покриени сите патни трошоци, вклучувајќи и храна, а притоа ќе добива и плата од околу 35.000 евра годишно.
Понудата на Метју го привлече вниманието на јавноста бидејќи изгледа премногу дарежливо.
Но, ова не е првпат младиот милионер да направи нешто слично.
Во 2020-та, многу луѓе во Австралија останаа без работа поради пандемијата. Сакајќи да ѝ помогне на барем една личност, тој објави оглас за вработување за виртуелен личен асистент.
Овојпат, тој бараше личност која ќе работи од дома, а ќе добива плата од скоро 50.000 евра годишно. Повторно, Метју не бараше личност со искуство.
https://www.instagram.com/p/CeigQXqhsqf/?hl=en
Истата година околу Божиќ, Метју изјави дека сака да ѝ го промени животот на барем една личност и понуди над 20.000 евра.
„Знам дека оваа година беше тешка за сите луѓе ширум светот. Не барам некој кој само сака да си купи нов автомобил или да оди на шопинг.
Барам личност која го нема видено своето семејство или личност на која ѝ требаат пари за операција што ќе ѝ го спаси животот.
Подготвен сум да платам 10.000, 20.000 долари, колку и да се потребни, за да сменам нечиј живот“.
Дарежливоста на Метју потекнува од неговите скромни почетоци.
Иако денес бизнисменот заработува над 120.000 евра месечно, а има и Инстаграм профил со над половина милион следбеници, тој имал тешко детство.
Неговите родители живееле од социјална помош. Имал и брат и сестра, а со семејството живееле во сиромашно соседство во Сиднеј.
„Имав многу тешко детство. Татко имаше биполарно нарушување. Во нашиот дом имаше многу насилство.
Двајцата мои родители земаа социјална помош бидејќи татко ми имаше ментално нарушување, па мајка ми мораше да седи дома и да внимава на нас.
Не му веруваше на татко ми за да нè остави сами со него“.
Кога Метју имал 10 години, неговите родители се развеле и тој оттогаш не е во контакт со татко му.
И по разводот, ситуацијата била мошне тешка.
„Некогаш добивавме храна од донации. На училиште носев стара облека. Некогаш и на училиштето ни даваа облека. Дури и за Божиќ и нашите родендени, мајка ми не можеше да ни купува работи“.
https://www.instagram.com/p/B8hYi6MgCyc/?hl=en