Тажната животна приказна на младиот милионер, кој бараше асистент за да патува со него низ светот
Мајка му сакала Метју да има удобен живот, па го натерала да се запише на факултет за дентална медицина.
На 23-годишна возраст, тој ја исполнил желбата на мајка му и се запишал, но само две недели подоцна се откажал.
Метју сфатил дека нема да биде среќен ако работи во ординација.
Иако неговата иднина не била сигурна, овој ризик се исплател.
Метју имал неколку работни места – редел кутии во фабрика, а за викендите работел и како градинар. Сето ова за да може да ѝ помогне на мајка си.
Во меѓувреме, Метју размислувал како да почне сопствен бизнис.
Тој планирал да почне онлајн бизнис, а нашол и личност која ќе може да го обучи во онлајн продажба.
Решил да се фокусира на продукти за убавина за мажи и жени. Истовремено, почнал да продава и електронски книги за студенти со кои им го олеснувал барањето ресурси за учење.
Шест месеци откако се отпишал од факултет, вложил во неговата бизнис идеја.
Неговиот бизнис почнал да цути – по две години почнал да заработува околу 40.000 евра месечно, а потоа заработката само се зголемувала.
Сега, Метју вели дека сака да му врати на општеството, па оттаму неговите дарежливи понуди за работа, како и финансиската помош што ја нуди.
Истовремено, вели дека е пресреќен што не мора да седи во канцеларија и што има слобода да патува низ светот.
https://www.instagram.com/p/Ct0tIjTPxnM/?hl=en
Спирова С. | Црнобело