Не им давала храна, имале рани по телото – Која е јутјуберката од САД што беше уапсена за малтретирање на нејзините деца?
Детето изгледало неисхрането, имало отворени рани по телото, како и самолеплива лента на екстремитетите.
Детето избегало од домот на бизнис партнерката на Руби – Џоди.
За појаснување, Руби и Џоди имаат заеднички поткаст каде што споделуваат родителски совети.
Полицијата реагирала откако добила повик од сосед кој им кажал дека на неговата влезна врата се појавило 12-годишно дете кое барало помош. Детенцето му побарало храна и вода.
Полицајците отишле во домот на Џоди, и овде нашле уште едно од децата на Руби кое покажувало знаци на неисхранетост.
По ова, Руби била уапсена, исто како и нејзината бизнис партнерка Џоди.
По апсењето, во јавност се огласи најстарата ќерка на Руби – Шари.
Шари не била во контакт со родителите извесен период и се обидувала да ја разоткрие мајка ѝ.
„Денес е голем ден. Јас и семејството сме среќни што ќе добиеме правда.
Со години се обидувавме да им кажеме на социјалните служби и на полицијата за ова, и среќна сум што конечно одлучија да преземат нешто“.
Во меѓувреме, се огласија и сестрите на Руби, кои исто така потврдуваат дека таа била ужасна мајка.
„Изминативе три години молчевме за нашата сестра Руби за доброто на децата. Приватно правевме сè во наша моќ за децата да бидат безбедни.
Руби беше уапсена, и тоа требаше да се случи. Џоди беше уапсена, и тоа требаше да се случи.
Децата сега се безбедни, а тоа е најважниот приоритет“.
Моментално двете жени се во затвор во Јута, а биле и под медицински надзор бидејќи наводно имале проблеми со здравјето.
Тие уште се немаат огласено за обвиненијата, а првото сослушување ќе биде на 21-ви септември.
Спирова С. | Црнобело