„Среќна сум што сум жива“ - Жена од САД на 44 години личи на старица поради ретка болест, но е чудо на природата
- Детали
- недела, 27 август 2023
Тифани од Охајо има 44 години и се смета за најстарата личност со прогерија – болест која предизвикува забрзано стареење и со која просечниот животен век е 15 години. Таа вели дека е благодарна за секој миг од животот, и покрај проблемите со здравјето, како артритис и кардиоваскуларни заболувања.
Прогеријата е ретка генетска болест која предизвикува забрзано стареење, кое почнува уште во првите две годни од животот. Болеста е толку ретка, што се јавува кај 1 во 20 милиони луѓе.
Лицата со ова нарушување изгледаат како многу стари личности уште пред да станат тинејџери. Притоа, просечниот животен век им е само 15, а во некои случаи и 20 години.
Тифани Ведекинг е личност родена со прогерија која ги надминала очекувањата на сите лекари.
Таа има 44 години и се смета за најстарата личност со оваа болест.
Чудно кај оваа болест е што додека предизвикува брчки и има влијание на растот. Па, Тифани и во петтата деценија од животот е ниска и слабичка, па кога луѓето не ѝ го гледале лицето, честопати мислеле дека е дете.
За People, Тифани вели дека отсекогаш била многу мала, а додека да наполни 20 години, сфатила дека ѝ се случува нешто сериозно.
Забите почнале да ѝ се расипуваат, а косата да ѝ паѓа. Нејзиниот постар брат, пак, развил цела низа проблеми со здравјето, вклучувајќи со срцето и коските.
Тифани и брат ѝ Чед направиле детално тестирање и биле дијагностицирани со прогерија.
Брат ѝ ги надминал очекувањата за просечниот животен век, но сепак починал од инфаркт на 39-годишна возраст.
Тифани, пак, има бројни проблеми со здравјето.
„Почнав навистина да се мачам кога бев во 30-тите“, открива таа.
Тогаш почнале да ѝ се појавуваат кардиоваскуларни проблеми, артритис и проблеми со колената. Истовремено, постојано постои ризик од инфаркт.
„Еднаш една медицинска сестра зачудена ми рече ’Имаш само 42 години‘. Јас ѝ реков ’Госпоѓо, јас не треба ни да бидам жива. Не прави споредби со мојата возраст‘“.
Бидејќи Тифани е свесна колку е кревко нејзиното здравје, вели дека е благодарна за буквално секој момент од нејзиниот живот.
Во 2004 година почнала да прави свеќи, а подоцна го проширила бизнисот и сега има студио за јога и уметност.
Таа има и Инстаграм профил со околу 5.000 следбеници со кој си го исполнува слободното време.