„Елитна“ дама за придружба открива што најмногу ги возбудува мажите во кревет + какви се во сексот, според професијата (18+)
Доктори/хирурзи
Имаат „Божји комплекс“ и многу од нив многу лесно се заљубуваат. Имаат одлични приказни и добра предигра, бидејќи добро го познаваат човечкото тело.
Банкари
Сексот со нив обично е лош поради многуте пијалаци кои претходно ги пијат. Тие се исти како адвокатите, само што на банкарите им недостига шарм и хумор. Имаат големо его и често се во долгови – рекла таа.
Сметководители
Сакаат да го зачинуваат својот инаку здодевен сексуален живот, па често ангажираат неколку ескорт дами одеднаш. Тие се послатки и поскромни од адвокатите и никогаш нема да ги натерате да зборуваат за даноците.
ИТ експерти
Ова се најчестите клиенти. Ако барате маж кој е добар со рацете, моја препорака е ИТ индустријата. Не прашувајте ги ништо за нивната работа затоа што постои ризик тие навистина да разговараат со вас за тоа долго. Многу сакаат предигра, гушкање и убаво мирисаат.
Градежници и водоводџии
Многу сакаат да се гушкаат во спалната соба и не ми се верува колку се секси во работните одела. Тие се искрени, а јас сум запознала само слободни мажи бидејќи мажите од тие професии генерално не се склони кон изневерување. Често не се задржуваат долго, знаат и премногу да се возбудат штом ме видат гола.
Освен тоа, таа раскажала што најмногу ги возбудува мажите:
„За да го задоволите својот маж, прво треба сами да знаете што ве возбудува во сексот, бидејќи без тоа знаење не можете да ги задоволите другите.
Станува збор за предигра, односно треба да знаете да го возбудите мажот. Бидејќи сè се врти околу машкото его, забавата им е најважна, односно сакаат да бида сигурни дека сте задоволни благодарение на нивните вештини“, објаснила Аманда.
С. Ш. | Црнобело